Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европската унија гласаше за воведување царини за кинеските електрични возила, Германија беше против
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Европската унија гласаше за воведување царини за кинеските електрични возила, Германија беше против
Blog

Европската унија гласаше за воведување царини за кинеските електрични возила, Германија беше против

Објавено October 4, 2024 17:45
Сподели
Сподели

Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денеска гласаа за воведување царини за електричните автомобили увезени од Кина, и покрај противењето на Германците кои стравуваат од трговска војна со Пекинг.

Европската комисија (ЕК) сега има одврзана рака да додаде до 35 отсто на данокот од 10 отсто, кој е веќе на сила, за електричните возила од кинеско производство.

Тие давачки треба да стапат на сила на крајот на октомври. Целта на одлуката, според АФП, е повторно да се воспостават фер услови на конкуренција со кинеските производители кои добиваат субвенции од државата.

Во соопштението за медиумите, Европската комисија ја поздрави денешната одлука, која „ја доби потребната поддршка од земјите-членки“. ЕК, исто така, нагласува дека Брисел и Пекинг го продолжиле дијалогот за да се обидат да најдат решение преку преговори.

Кина, меѓутоа, го осудува пристапот, кој го смета за протекционистички, а веќе реагираше со покренување истрага за прехранбените и алкохолните производи што ги увезува од ЕУ.

Кинеската стопанска комора во ЕУ изрази „длабоко разочарување“ по гласањето во Брисел и ја повика Европската унија „да го одложи спроведувањето на царините и да му даде приоритет на дијалогот“.

Германија, заедно со Унгарија, Словачка, Словенија и Малта, гласаа против даночниот план на Комисијата, но не успеаја да го соберат потребното мнозинство за негово поништување, пишува Франс прес.

Тарифите беа поддржани од десет земји-членки, вклучувајќи ги Франција, Италија и Полска. Дванаесет други беа воздржани, вклучително и Шпанија и Шведска, кои сепак го изразија своето незадоволство.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската унија ризикува да влезе во „економска студена војна“ со Кина.

„Она што не принудуваат да го направиме, она што го прави Европската унија е економска студена војна. Тоа е најлошото нешто што може да и се случи на Европа. Ако вака продолжи, европската економија ќе умре“, рече Орбан.

Во јули, ЕУ воведе привремени царини до 37,6 отсто за електричните возила произведени во Кина. Како одговор, Пекинг поднесе жалба до Светската трговска организација во август, велејќи дека тарифите ги прекршуваат правилата на организацијата и ја поткопуваат глобалната соработка за климатските промени.

Кина, исто така, започна истрага за извозот на француски коњак, свинско месо и млечни производи од ЕУ. Истрагите ги зголемија стравувањата од трговска војна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Има обиди за нарушување на меѓуетничките односи
Следна Статија Почнува серија за Иво Андриќ, на неговиот погреб говорел нашиот Киро Глигоров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Гугл ги отфрла наводите дека Gmail ги користи вашите е-пошти за обука на вештачка интелигенција

Гугл реагира на објави кои тврдат дека променил политика за користење на Gmail пораки и прилози за обука на модели…

November 23, 2025
Blog

Инфлацијата во еврозоната не запира: Еве кои земји имаат минимален раст, а каде растот на цените е драстичен

Годишната инфлација во еврозоната порасна на 2,4% во декември, од 2,2% во ноември. Во декември минатата година годишната стапка на…

January 18, 2025
Blog

Еврокомесарот за правда шокиран од опасната роба на „Тему“, ЕУ најави зајакнати контроли

Европскиот комесар за правда, Мајкл Мекграт, зборуваше по извештајот на европратениците во кој се наведуваат примери за стоки продадени на…

July 20, 2025
Blog

Со цел да го прекине штрајкот, „Боинг“ понуди зголемување на платите за 35 отсто во текот на 4 години

Синдикатот што ги претставува штрајкувачките машинисти во „Боинг“ во саботата соопшти дека членовите во среда ќе гласаат за нов договор…

October 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?