Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Федерален судија ја блокира наредбата на Трамп за укинување на правото на државјанство по место на раѓање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Федерален судија ја блокира наредбата на Трамп за укинување на правото на државјанство по место на раѓање
СВЕТ

Федерален судија ја блокира наредбата на Трамп за укинување на правото на државјанство по место на раѓање

Објавено January 24, 2025 00:09
Сподели
Сподели

Американски федерален судија во одлука го блокираше обидот на администрацијата на Доналд Трамп до го укине правото за добивање државјанство по место на раѓање на деца на недокументирани имигранти и странски посетители.

Одлуката на окружниот судија на САД, Џон К. Кафенар, е на национално ниво и со важност од две недели. Тоа е одговор на тужба поднесена од четири сојузни држави — Вашингтон, Аризона, Илиноис и Орегон — според која извршната уредба на Белата куќа, потпишана од претседателот Трамп во понеделникот, е неуставна.

Уште 18 држави заедно со Вашингтон, округ Колумбија, поднесоа слична тужба во Масачусетс, плус најмалку три различни организации за граѓански права водат свои правни постапки. Сите овие сојузни држави се водени од демократски гувернери.

Судските постапки ја оспоруваат извршната наредба на Трамп, за која претседателот изјави дека се надева да стапи во сила кон средината на февруари. Повеќе јавни обвинители ја оспоруваат одлуката на, а во поднесените тужби се вели дека во САД годишно се раѓаат 153.000 деца од двајца родители кои немаат документи за легален престој. Администрацијата на Трамп се надева дека укинувањето на правото може да ја обесхрабри нелегалната имиграција во САД.

Извршната наредба на Трамп предвидува неговата администрација повеќе да не признава државјанство по автоматизам на оние деца родени на американско тло од родители имигранти кои во земјата дошле нелегално, односно ниту еден од родителите не е државјанин на САД или поседува легален престој (зелена карта).

Исто така, уредбата на Трамп оневозможува добивање на државјанство по автоматизам на децата родени од родители кои во земјата дошле со привремени работни, студентски или туристички визи.

Правото на добивање државјанство по место на раѓање е утврдено со 14-тиот амандман на Уставот на САД и е усвоено од Конгресот во 1868 година. Во него е вклучена клаузула која гласи: „Сите лица кои се родени или натурализирани (оние кои легално станале државјани но не се родени) во Соединетите Американски Држави, и кои се предмет на нивна надлежност, се државјани на Соединетите Американски Држави и на државата во која живеат.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини
Следна Статија (Видео) Ѓоковиќ поради повреда го предаде мечот – Зверев прв финалист на АО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Се урна Ф-16 во Полска, пилотот загина

Полски воен авион Ф-16 се урна за време на проба за аеромитинг во Радом, централна Полска, при што загина пилотот,…

August 29, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Авион со 235 патници се запали додека леташе над Тихиот Океан

Авион на „Делта ерлајнс“ беше принуден да се врати на аеродромот во Лос Анџелес откако еден од неговите мотори се…

July 20, 2025
СВЕТ

Трамп го предупредува Иран дека „времето истекува“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп го предупреди Техеран дека „времето истекува“ за преговори за договор за нуклеарната програма…

January 28, 2026
СВЕТ

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

Ангола и Намибија се согласија да го прифатат враќањето на нелегални мигранти и криминалци, откако британската Влада се закани дека…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?