Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Распуштањето на Судскиот совет е сериозно прашање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: Распуштањето на Судскиот совет е сериозно прашање
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Распуштањето на Судскиот совет е сериозно прашање

Објавено February 6, 2025 22:21
Сподели
Сподели

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче смета дека реформата во правосудството треба да се реши со консензус. Иницијативата за изгласување доверба на дел од членовите на Судскиот совет, вели дека има два аспекти од кои едниот е поврзан со Планот за раст. 

– Дали дефинитивно се откажуваме од близу 800 милиони евра кои се влезени во Планот за раст за нас, од вкупниот пакет од неколку милијарди евра за Западен Балкан, коишто се врзани со исполнување на реформите бидејќи таму стои дека тој Судски совет не може туку така да се распушти. Тоа е едно сериозно прашање, рече вечерва Филипче во емисијата „Дебата“ на телевизија „Клан“.

Реформата во правосудството, според него, треба да се реши со консензус на сите политички партии. Вели дека е подготвен тоа да ги иницира и преку Националниот совет за евроинтеграции.

– Спремен сум тоа да го иницирам и преку Националниот совет за евроинтеграции каде што сум претседател. Тоа е широк форум, учествуваат сите партии, граѓански и меѓународни организации. Да повикаме експерти и од странство доколку е потребно и да видиме што и на кој начин треба да се направи затоа што било каква еднострана интервенција во судството нема да значи реформа, туку партизација и затоа вториот аспект е како тоа да се направи за што ни е потребен национален консензус, натпартиски и надетнички, вели Филипче

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова: Македонскиот јазик, народ, нација и идентитет се неразделен квартет
Следна Статија За денеска најавен нов бојкот на маркетите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Онлајн аплицирање за средно училиште – поради преоптоварување веб-страницата е често блокирана

Првиот уписен рок во средните училишта се одвива со потешкотии. Полуматурантите, кои сакаат онлајн да аплицираат за средно образование, велат…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно…

January 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Влада: СДСМ ја лаже јавноста, сметки од услугите од бифињата кои ги плаќаат вработените, ги прикажува за трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ, реагираат од владата на Република Македонија. Ресторанските услуги…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, вели Гаши

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август за да се остави простор да се…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?