Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче вели дека СДСМ веќе се кренал на нозе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче вели дека СДСМ веќе се кренал на нозе
ПОЛИТИКА

Филипче вели дека СДСМ веќе се кренал на нозе

Објавено December 24, 2024 22:20
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ е задоволен од развојот во партијата и вели дека таа по изборниот пораз веќе се кренала на нозе, дека ги брани интересите на граѓаните и силно се спротивставува на погрешните политики на власта. Венко Филипче вечерва беше во Битола заедно со заменик-претседателката Фани Каранфилова-Пановска и потпретседателот Методија Илиевски. Тие присуствуваа на изборна конференција на општинската организација на СДСМ.

Тој вели дека СДСМ не била истата партија од пред изборите, дека интензивно е на терен, помеѓу членовите, за да го слушне нивниот глас и заедно да ги дефинирааат следните чекори.

За претседател на ОО СДСМ Битола беше избран Методија Куновски.

„Во завршна фаза е целиот процес за избор на претседатели на општинските организации на СДСМ, овој месец привршуваат изборните конференции и во останатите општини. Изборот на луѓето е со широк консензус во рамки на самата партија и во рамки на општинските организации и тоа наша вредност“, рече Филипче.

Во обраќањето до членовите Филипче рече дека премиерот Христијан Мицкоски бил виновен „за измамата со кошничките, расте сиромаштијата додека трговците профитираат“.

„Го слушам Мицкоски денеска вели срамота било тоа што го правеле трговците. Не господине Мицкоски, срамота е што вие дозволивте тоа да го прават и што тајно со нив се договарате, а во јавноста глумите загрижен политичар. Доцна е да ја префрлате вината за овој дебакл и грабеж на трговците, одговорноста е само ваша“, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија BMW продал луксузни возила на руски клиенти и покрај санкциите
Следна Статија Сондата на НАСА се обидува да се приближи до Сонцето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: И ова раководство на СДСМ продолжува да ги руши позициите, да ги распродава идентитетските и националните приоритети

„Вчера дадов еден краток коментар, денес бидејќи ме прашувате ќе дадам одговор на вашето прашање и ќе го поделам одговорот…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии

Сите оние кои што сакаат да се кандидираат на Локалните избори 2025 година закажани за 19 октомври, своите кандидатури за…

September 13, 2025
ПОЛИТИКА

Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27 април

Прес-конференција денеска во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство ќе одржи Јане Ченто, на која, како што најави ќе бидат…

April 27, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО“, вели Кузеска

На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ги претвора државните институции во,…

July 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?