Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите
МАКЕДОНИЈА

Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите

Објавено October 16, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Министерот за правда, Игор Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите. На денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада, Филков појасни дека законското решение ќе мора да се донесе во најскоро време, со оглед дека судството може да се соочи со проблем.

-Имаме реален проблем и работиме на измените. Мислам дека предложената граница ќе биде 67 години и ќе важи за сите судии, појасни Филков, одговарајќи на новинарски прашања.

Недостигот на судии во македонските судови влијае на квалитетот на пресудите. Голем дел од судовите работат со помалку од една третина од предвидените судии. Тоа значи повеќе работа за секој судија, трупање предмети, одолговлекување на пресудите.

Тотален колапс на судството ќе има за околу 10 години ако продолжи ова темпо на одлив на судии и неизбирање нови – ова го покажала анализата на невладината „Коалиција сите за правично судење“, според која за 5 години, во пензија и нешто со разрешувања од судството заминале 177 судии, а биле избрани само 52 од дипломираните кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кешишев ги однел полицајците до телото на Вања: „Ако дознае Палчо за ова, ќе ме убие“
Следна Статија Лога го испразнил кабинетот пред заминување: Си ja зел со себе целата документација, ги нема ни препораките на ЕК

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вистинска драма при полицискиот претрес: Пратеникот Јахоски во обид да ја саботира акцијата?!

При полицискиот претрес во домот и канцелариите на едно од лицата осомничено за учество во сомнителните набавки на нафтени деривати,…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата доволно прави за евроинтеграциите, но ЕУ е со двојни стандарди, а соседите ни отежнуваат

Во периодот од 18 до 21 февруари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен…

March 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари – смртни последици“

Семејството на прегазената Фросина Кулакова со транспарент „Ние сме гласот на Фросина, валкани пари- смртни последици“ го предводеше денешниот протест…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци за Судскиот совет

Верувам дека претседателката на државата избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, истакна денеска во изјава…

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?