Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филмско бегство на затвореници во Шпанија за време на мечот Барселона – Атлетико, се спуштиле со врзани чаршафи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Филмско бегство на затвореници во Шпанија за време на мечот Барселона – Атлетико, се спуштиле со врзани чаршафи
СПОРТ

Филмско бегство на затвореници во Шпанија за време на мечот Барселона – Атлетико, се спуштиле со врзани чаршафи

Објавено December 23, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Двајца затвореници побегнаа од затворот во Пикасент, 15 километри од Валенсија, во саботата навечер, искористувајќи ја еуфоријата предизвикана од гледањето фудбалски натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид на телевизија.

Затворениците избегале по ноќното пребројување, кое се случува околу 21 часот, што се совпадна со почетокот на дербито од шпанската лига меѓу Барселона и Атлетико.

Затворениците ја искористиле вревата и метежот предизвикан од натпреварот, објави денеска шпанскиот јавен сервис ТВЕ, повикувајќи се на неименувани извори од затворот.

Двајца затвореници ги скршиле решетките од својата ќелија, се спуштиле со врзани чаршафи и избегале од затворскиот комплекс.

Затворскиот синдикат изјави за новинската агенција ЕФЕ дека бегството на двајцата е резултат на пропуст на безбедносниот систем во затворот во Валенсија, еден од најстарите во Шпанија. Синдикатот повика на ангажирање на дополнителни чувари.

Затворската служба отворила истрага, а полицијата трага по бегалците, чиј идентитет не е соопштен, ниту зошто издржувале затворска казна.

Фудбалот е најпопуларниот спорт во Шпанија. Во саботата Атлетико го презеде првото место на првенствената табела од Барселона со победа од 2-1.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавена листата на најмоќните пасоши за 2024 година – македонскиот е на 34 место
Следна Статија Во СДСМ знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвинува Петрушевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Со Американец и Колумбиец ќе бркаме пласман на СП

Новиот стратег Гоце Седлоски за првпат го објави составот за баражот против Данска на 26 март. Список на повикани фудбалери…

March 16, 2026
СПОРТ

(ВИДЕО) Фудбалер на Фиорентина се онесвести на мечот со Интер, падна и го голтна јазикот

Страшни сцени на натпреварот Фиорентина-Интер, откако во 17 минута од средбата играчот на домашната екипа Едоардо Бове падна како покосен…

December 1, 2024
СПОРТ

Реал Мадрид има нова „десетка“

Килијан Мбапе (26) ќе го носи бројот 10 во Реал следната сезона, потврди клубот на социјалните мрежи. Шпанските медиуми објавија…

July 30, 2025
СПОРТ

(Видео) Нокаут за кој зборува целиот свет

Лерон Марфи го победи Арон Пик со спектакуларен нокаут на УФЦ 319 настанот во Чикаго. Потегот за кој се зборува…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?