Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Финансиска полиција истражува кои предмети се чувале во фиока
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Финансиска полиција истражува кои предмети се чувале во фиока
МАКЕДОНИЈА

Финансиска полиција истражува кои предмети се чувале во фиока

Објавено December 1, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Како институција мораме да направиме се за да нема повеќе чување на предмети во фиоки, истакнува новиот в.д. директор на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски.

Во интервју за „Радио Слободна Европа“, Ивановски нагласува дека Управата за финанска полиција ќе постапува неселективно по предметите без разлика на тоа дали се вмешани актуелни или претходни функционери.

– Секогаш кога постапуваме, ние не правиме разлика дали се екс функционери или актуелни функционери. Нормално е дека во предметиве ќе излезат и актуелни функционери и екс функционери, така што Управата за финанска полиција ќе постапува неселективно, без разлика за кој да е предмет, за кое да е име и да произлезе од тој предмет, вели Ивановски.

Прашан за тоа зошто се чекало доста време за да се формализира кривичната пријава за поранешниот министер за култура Хисни Исмаили, кога за тоа имало иницијатива уште во 2021 година, Ивановски вели дека тоа прашање треба да се адресира до друго место.

– Јас можам да зборувам за мене. Влегов да работам професионално, заедно со инспекторите и раководителите гледавме да сработиме максимално што е можно повеќе темелно и професионално да биде сработен секој предмет. Покрај за ексминистерот за култура, поднесовме и кривична пријава за ексминистерот за земјоделие, не би навлегувал во детали, и не би навлегувал надвор од соопштението што е доставен од УПФ. Сакам да ве убедам дека секој еден предмет кој е влезен во финансиска полиција, секоја една наредба што е пристигната од јавно обвинителство ќе биде сработена на професионален начин, вели Ивановски.

Во врска со тоа дали Финансиската полиција го разгледува поништениот тендер на ЈСП за гориво, Ивановски истакнува дека чекаат да им се достави документацијата од јавното претпријатие и откако ќе проверат, ќе видат каков поднесок ќе поднесат до ОЈО Скопје.

– Документацијата од страна на Бирото за јавни набавки е прибавена. Чекаме документација од ЈСП, доставено е барање до ЈСП, и врз основа на сето тоа ќе утврдиме, ќе анализираме, ќе провериме и ќе видиме со каков соодветен поднесок ќе одиме до Основното јавно обвинителство Скопје. Сепак нема да бидат изоставени консултациите со јавен обвинител во овој случај, посочува тој.

А во однос на разгледувањето на ревизорскиот извештај за ЈСП во кој се утврдиле проблеми со финансиското раководење, Ивановски потенцира дека за конкретниот случај, работат на две тендерски постапки. – Конкретно за овој случај работиме на две тендерски постапки, но доколку имате дополнителни сознанија за други тендерски постапки, во делот на начинот на спроведува, во делот на реализација, слободно можете да ги доставите до нас, вели Ивановски.

Посочува дека во врска со случајот со ЕСМ ги анализираат начинот на спроведување на тендерската постапка и штом ќе имаат некакви сознанија ќе поднесат соодветен поднесок до Јавното обвинителство.

– Во делот на ЕСМ и на РЕК Битола, за случајот кој што е запозната јавност и е доста актуелен во јавноста, можам да изјавам дека добивме наредба од Основното јавно обвинителство Битола, вршиме консултации со јавен обвинител, во тој предмет ги анализираме начинот на спроведување на тендерската постапка и начинот на реализацијата на тие договори кои што се производната тендерска постапка. Се уште е рано, бидејќи се работи за обемна документација, потребни се повеќе проверки, потребна е детална анализа, така да се уште не би излегувал со некакви проценки во овој дел. Но, но сакам да ви уверам дека посебно внимание ќе посветиме на овој предмет и веднаш штом ќе имаме нешто конкретно во делот на првичните сознанија и во делот на соодветен поднесок до Јавното обвинителство, јавноста ќе биде известена, вели директорот на Финансиската полиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арбен Фетаи: ВЛЕН обезбеди фотографии кои докажуваат дека младите кои го запалија државното знаме се блиски соработници на Артан Груби
Следна Статија Четворица приведени: Врбувале Бразилки на проституција во два стана во Скопје, наплаќале до 800 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Нашите деца нема да учат со насилник“: Целосен бојкот на наставата во ООУ „11 Октомври“

Нема место за насилник таму каде што учат нашите деца!“. „Нашите деца нема да учат со насилник“! „Со безбедноста на…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Обвинителството темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово и улогата на Филипче

Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Кинг бургер“ во центарот на Скопје

Деновиве за урива некогашната сендвичара „Кинг бургер“ на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје, а на нејзино место ќе…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Специјална антитерористичка единица „ТИГАР“ – 44 години чувар на безбедноста и заштита на татковината

Чувари на уставниот поредок на државата, реализација на највисоки борбено-технички задачи. Синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?