Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Финансиската полиција поднесе пријава до ОЈО за лажни фактури на фирми, една е во вредност од 32 милиона денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Финансиската полиција поднесе пријава до ОЈО за лажни фактури на фирми, една е во вредност од 32 милиона денари
ХРОНИКА

Финансиската полиција поднесе пријава до ОЈО за лажни фактури на фирми, една е во вредност од 32 милиона денари

Објавено December 12, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје   поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица  поради основано сомнение за сторени кривични дела, Даночна измама по член 279-а ст.2 во врска со ст.1, Даночно затајување по член 279 ст.2 во врска со ст.1, Соизвршителство по чл.22 и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ.

Првопријавениот З.А. во својство на управител на второпријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје во Април и Мај 2023 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист, изготвил фактури со невистинита содржина во вкупен износ од 31.599.220 денари, со вкалкулиран износ на ДДВ по пресметковна стапка од 18% во износ од 4.820.220 денари, за наводно извршена набавка на стоки и услуги од правниот субјект Друштво за трговија и услуги ИНО КОМ ДООЕЛ Скопје, сметководствено ги евидентирал и ги искажал во задолжителни пријави за ДДВ со што искажал повисок износ на влезно ДДВ, на кој начин спротивно на член чл.33 и чл.34 од Законот за ДДВ со овие фактури со невистинита содржина противправно ја намалил даночната обврска на второпријавениот правен субјект Тритерол Петрол ДООЕЛ Скопје по основ на ДДВ за 04-ти и 05-ти месец 2023 година во вкупен износ од  4.820.220 денари, за кој износ го оштетил  Буџетот на РСМ.

Исто така, во текот на 05-ти и 06-ти месец 2023 година со цел да се стекнат со противправна имотна корист, првопријавениот З.А за дел од испоставените фактури со невистинита содржина префрлил парични средства во износ од 9.483.925 денари на банкарската сметка на друг правен субјект со сличен назив, петопријавениот  – ИНО КОМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, кој што наменски е основан од страна на  четвртопријавениот Д.Д во својство на сопственик и управител  , а кои парични средства ги подигнал во готово третопријавениот Р.Ѓ во својство на потписник на банкарската сметка на ИНО КОМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, истите ги присвоиле и не доставиле документација за нивна економска оправданост, со што не пресметале, не пријавиле и не платиле Данок на личен доход во износ од 948.392 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на РСМ.

Со вака преземените дејствија пријавените ги сториле кривичните дела Даночна измама по член 279-а ст.2 во врска со ст.1, Даночно затајување по член 279 ст.2 во врска со ст.1, Соизвршителство по чл.22 и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ, и со тоа противправно ја намалиле обврската за Данок на додадена вредност во износ од 4.820.220 денари, не пресметале, не пријавиле и не уплатиле Данок на личен доход во износ од 948.392 денари, односно за вкупен износ од 5.768.612 денари пријавените го оштетиле Буџетот на РСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зелник, макало, сарма, ајвар и пастрмка- Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот
Следна Статија Трамп прогласен за „Личност на годината“ од магазинот „Тајм“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Последен поздрав: Познато кога ќе биде погребан Панчо

Сопругата Маја и блиските пријатели преку социјалните мрежи споделија информација дека погребот на починатиот музичар Владимир Блажев – Панчо од…

October 15, 2025
ХРОНИКА

Двегодишно дете затруено со таблета во Куманово

Уште едно дете е затруено во Куманово, потврдија од СВР Куманово. Станува збор за двегодишно дете од липковското село Отља…

September 30, 2025
ХРОНИКА

Струмица: Автомобил удри во малолетници кои туркале возило, две девојчиња се тешко повредени

Несреќа се случи вчера на регионалниот пат во селото Баница, струмичко, кога автомобил управуван од В.С.(38) удрил во четири малолетни…

December 5, 2024
ХРОНИКА

Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел да земе пари

Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар. Маж со закана со огнено оружје…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?