Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фицо: Уморен сум од тоа што Зеленски патува низ Европа и само проси и уценува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Фицо: Уморен сум од тоа што Зеленски патува низ Европа и само проси и уценува
СВЕТ

Фицо: Уморен сум од тоа што Зеленски патува низ Европа и само проси и уценува

Објавено January 12, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше Украина како несигурен партнер и рече дека е уморен од нејзиниот претседател Володимир Зеленски кој патува низ Европа „молејќи и уценувајќи“.

Фицо ова го кажа во говор во собраниска комисија, а видеото го објави на својата Фејсбук страница, пренесува Кликс.

Словачката опозиција свика седница на парламентарната комисија и побара Фицо да ја објасни средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин и да каже кои се следните чекори на Словачка во однос на прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина.

Фицо изјави дека се подготвени две решенија за транзит на гас од Украина во Словачка, со кои наводно се согласил и украинскиот премиер Денис Шмихал.

Еден од нив требаше да биде договор меѓу Русија и Азербејџан, што ќе и овозможи на Словачка да добива гас од Азербејџан, но Фицо рече дека Зеленски го нарушил тој договор.

Втората опција е предлогот матичната компанија СПП да основа подружница на руско-украинската граница, за да може гасот да се транспортира до Словачка преку Украина.

Фицо го нарече украинскиот претседател несигурен и рече дека му е „дојден преку глава“. -Зеленски оди низ Европа, само проси и уценува барајќи пари. Едноставно мора да престане“, рече тој.

Од друга страна, додаде тој, Русија отсекогаш била сигурен партнер во снабдувањето со енергенси. -За разлика од Украина, Русија никогаш не не измами.

Се сеќавам на ситуацијата во 2009 година кога бев во Украина и побарав од украинската премиерка Јулија Тимошенко да ни даде малку гас од резервоарот во западниот дел на Украина и тогаш ми беше кажано да  одам по ѓаволите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Платите во администрацијата се мали, вели Минчев, но бараните 30 отсто се преголема сума
Следна Статија Вредеше 63 милиони евра и играше за Реал, сега никој не го сака ни бесплатно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Колку навистина чини Гренланд? Трамп решен да го купи

Интересот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд, автономна територија на Данска, покрена прашања за вредноста на…

January 27, 2025
СВЕТ

Тензично во Естонија: Се подготвуваме за војна со Русија, но не им се плашиме (ВИДЕО)

И покрај предупредувањата од Финска дека Русија би можела да ги нападне Скандинавија и Балтичките земји во блиска иднина, Естонците…

August 24, 2025
СВЕТ

(Видео) Драма во Париз: голем пожар ја зафати општинската зграда, снимката е застрашувачка

Голем пожар избувна во раните утрински часови во општинската зграда на 12-от арондисман во Париз, а локалните медиуми објавија дека…

January 27, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Најмалку 22 лица загинаа во пожар во ресторан во Кина

Најмалку 22 лица загинале, а тројца се повредени во пожар во ресторан во северниот кинески град Лиjаојанг, соопштија локалните власти.…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?