Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фон дер Лајен ја откажа средбата со премиерот на Србија бидејќи се сретнал со руски министер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Фон дер Лајен ја откажа средбата со премиерот на Србија бидејќи се сретнал со руски министер
БАЛКАН

Фон дер Лајен ја откажа средбата со премиерот на Србија бидејќи се сретнал со руски министер

Објавено October 25, 2024 22:45
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ закажана за денеска за време на нејзината посета на Белград, а причина беше неговата денешна средба со рускиот министер за економски развој Максим Решетњиков, јави Н1 Хрватска повикувајќи се на белградски медиуми.

Фон дер Лајен пристигна во Белград во рамките на својата четиридневна турнеја низ Западен Балкан, а претходно денеска, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека длабоко верува оти иднината на Србија е во Европската Унија, но конкретно не го процени времето на можниот прием, нагласувајќи дека тоа е „процес на усогласување со ЕУ, кој го дефинира процесот на пристапување“ на секоја земја поединечно.

Откажувањето на средбата Фон дер Лајен-Вучевиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдил портпаролот на ЕК Ерик Мамер, а за АФП шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре.

– Го откажавме состанокот со (српскиот) премиер по (неговиот) состанок со министерот за економија на Руската Федерација, додаде Жофре и, според извештајот на агенцијата Бета, изјави дека „таму била назначена намерата на Србија да ги зајакне своите економски односи во други области со Руската Федерација“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски ги повика граѓанските организации да учествуваат во градењето на поквалитетен национален образовен систем
Следна Статија Ѓорѓиев: Средбата на Комисијата за историски прашања во конструктивна атмосфера, следната до крајот на годината во Софија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Британски медиуми: Албанија наскоро би можела да ја престигне Хрватска и да има дури 30 милиони туристи

Британскиот „Експрес“ објави дека албанската влада очекува земјата да прими повеќе од 30 милиони туристи до 2030 година. Во 2015…

June 3, 2025
БАЛКАН

Во Хрватска потврден случај на лепра кај странски работник

Во Хрватска е потврден изолиран случај на лепра, хронична заразна болест, соопштија надлежните здравствени служби. Станува збор за странски работник,…

December 14, 2025
БАЛКАН

Илијана Јотова ја презеде функцијата претседател на Бугарија, по оставката на Радев

Оставката на претседателот на Бугарија, Румен Радев, е поднесена до Уставниот суд и шефот на државата го очекува неговото изјаснување,…

January 20, 2026
БАЛКАН

Исто како Груевски: Унгарија планира да му помогне на Додик да избега од БИХ

Унгарија, наводно, испратила полицајци во Босна и Херцеговина за да му помогнат на претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?