Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв

Објавено October 22, 2024 20:22
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на четиридневната посета на Западен Балкан, при што ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, каде со лидерите ќе разговара за напредокот на Западен Балкан на патот кон ЕУ, како и за Планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра.

По посетата на Тирана, Фон дер Лајен в четврток ќе допатува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје, предвидено е претседателката Фон дер Лајен и премиерот Мицкоски да одржат прес-конференција во Владата.

По посетата на Скопје, Фон дер Лајен ќе замине за Босна и Херцеговина.

Овогодинашната посета на Западен Балкан доаѓа во време кога проширувањето е на врвот на агендата на ЕУ, што беше потврдено од претседателката Фон дер Лајен во неколку наврати, вклучително и неодамна на Самитот на Берлинскиот процес и на Бледскиот стратешки форум, стои во соопштението на Делегацијата на ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за смртта на директорот на болницата во Загреб, паднал од скалите, колегите не можеле да го спасат
Следна Статија Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на пм₁₀ честичките, се вели во Извештајот на Министерството за животна средина

Просечните концентрации на PM₁₀ честички во Трубарево се во рамките на дозволените граници, покажува Извештајот од индикативни мерења на квалитетот…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на АРМ

Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука да го укине Параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Учениците од денеска на зимски распуст

За околу 250 000 ученици во основните и средните училишта денеска почнува зимскиот распуст. На настава ќе се вратат на…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

ИЈЗ: Нема радиоактивност во воздухот и почвата во Трубарево, ниту тешки метали во водата

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје и во неделата (14.09.25) беа земени примероци, мостри од страна…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?