Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Формирана e интердисциплинарна комисија за случајот со ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Формирана e интердисциплинарна комисија за случајот со ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“
МАКЕДОНИЈА

Формирана e интердисциплинарна комисија за случајот со ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Објавено December 5, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Формирана е интердисциплинарна комисија во врска со случајот со трето-одделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во Основното училиште „11 октомври“.

Комисијата ќе треба да го разгледа случајот и да донесе мерки кои ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни.

– Министерството за образование и наука учествува во изнаоѓањето решение за случајот со ученикот со кој јавноста е веќе запознаена и во таа насока, на иницијатива на МОН е формирана интердисциплинарна комисија составена од претставници на министерството, Бирото за развој на образованието, општината, училиштето и социјалните служби, која се состанува за разгледување и преземање соодветно мерки и активности согласно законската регулатива, во чиј фокус се најдобрите интереси на ученикот, но и на сите инволвирани, велат од МОН.

Трето-одделенецот од чие однесување се жалат родители од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче требаше да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Родителите на учениците од „11 Октомври“ ја бојкотираа наставата, а по повлекување на одлуката и негово враќање во матичното училиште „Лазо Ангеловски“, денеска празно остана и ова училиште.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера изјави дека случајот добил „преголема, непотребна и до некаде неправедна јавност, обем и дискусија“.

– Сметам дека е пренагласена реакцијата на сите родители, но и дека училиштата треба посериозно да ја сфатат работата во однос на децата кои имаат потешкотии во учењето или кои имаат потешкотии во однесувањето и социјализација во сопствената средина. Овој случај трае премногу, преземени се одредени мерки, па дури и МОН формирало комисија која за решавање на проблемот. Препорачано е детето да ја промени средината. Ако стручни лица препорачале така, значи треба да ја промени средината, изјави Јаневска. Таа додаде дека: „Училиштето од кое потекнува има на располагање стручна служба (педагог, психолог, социјален работник) и директор кои треба да го решат проблемот. Детето не може и не смее да остане на улица“ затоа што „секое дете има право на образование кое е задолжително. Државата е должна, заедно со училиштата, да му овозможат на детето да поминува низ образовен процес“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Струмица: Автомобил удри во малолетници кои туркале возило, две девојчиња се тешко повредени
Следна Статија Мицкоски-Касаноф: Поддршка од САД за аспирациите на Македонија за целосна евроатлантска интеграција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Јавните здравствени установи ќе добијат Буџет поголем за 100 милиони евра

Јавните здравствени установи ќе добијат Буџет поголем за 100 милиони евра, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, одговарајжи…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Неговото Високопреподобие игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е едногласно избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија на денешната седница на Светиот Архијерејски…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не сакам да коментирам приватни работи, одговори Филипче на прашањето дали бил на забава во Дубаи

Апсолутно не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот, кусо одговори лидерот на СДСМ Венко Филипче на новинарско прашање…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот се уште го учи…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?