(ФОТО) Статуа стара 2.000 години пронајдена во канта за отпадоци во Солун

- Advertisement -

Мермерна статуа на жена, за која се верува дека е стара повеќе од 2.000 години, е пронајдена денеска во канта за ѓубре во близина на Солун, соопшти градската полиција.

Граѓанин на Солун, кој пронашол статуа од 80 сантиметри во корпа за отпадоци, им го предал предметот на локалните власти, кои контактирале со археолозите за да го проценат неговото значење, пренесува агенцијата АП.

Полицијата соопшти дека експертите процениле дека статуата е стара околу 2.000 години, а предметот ќе биде предаден на чување и проучување на локалната управа за антиквитети.


Мажот, кој е осомничен дека ја фрлил статуата во ѓубре, бил приведен, но по распитот бил ослободен без обвинение.

Сподели ја оваа статија