(ФОТО+ ВИДЕО) Ученик во основно училиште во Загреб со нож ранил наставничка и неколку деца

- Advertisement -

Ученик од основно училиште во Загреб утрово со нож повредил наставничка и неколку деца, јавија хрватските медиуми. Инцидентот се случил во ОУ „Пречко“ во Загреб.

Полицијата е на терен како и неколку амбулантни возила, јавија загрепските медиуми.

Ранетата наставничка со хеликоптер е однесена во болница.

Во Хрватска денеска е крај на првото полугодие во училиштата.

Сподели ја оваа статија