Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
СВЕТ

Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања

Објавено December 15, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Со нон пејпер Германија и Словенија бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања. Целта, вели словенечката министерка за надворешни работи, е да се забрза процесот на проширување на ЕУ, а соседските спорови од минатото да не се користат како блокади.

– Целта на иницијативата е да се забрза процесот на проширување. Предлагаме да се минимизираат ветата и блокадите поради билатерални прашања и да се користи квалификувано мнозинство за одлучување во процесот, рече Тања Фајон, словенечка министерка за надворешни и европски работи

Предлогот доаѓа од либерално демократски влади во двете држави. Европските либерал-демократи се надеваат дека ова ќе биде прифатено и од Европската народна партија и од европските социјалисти, за да може да прерасне во политика на Европската унија.

Нон пејперот се раѓа како идеа во период кога соседските спорови секојдневно се множат.

Бугарија повеќе години го блокира стартот на преговорите на Македонија со Унијата, 7 држави членки меѓу кои и Бугарија пред 10тина дена ставија вето на отворање ново поглавје за Србија, Хрватска ги блокира преговорите на Црна Гора, а Грција континуриано се заканува дека Албанија нема да напредува на патот кон Унијата ако не го почитува нивното малцинство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
Следна Статија По 75 години Ауди ја затвора фабриката во Брисел, 3.000 луѓе остануваат без работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Секој 50-ти Албанец во Британија е во затвор, британски пратеник бара од Рама да си ги прими назад криминалците

Британскиот пратеник Најџел Фараж не се воздржа во врска со албанските имигранти во Обединетото Кралство, барајќи од албанскиот премиер Еди…

June 28, 2025
СВЕТ

Екс британска министерка Ен Видикомб е пронајдена мртва, полицијата се сомнева за убиство

Британската полиција ја истражува смртта на поранешната конзервативна министерка Ен Видикомб како убиство, откако таа беше пронајдена мртва во својот…

July 10, 2026
СВЕТ

Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО

Британскиот премиер Кир Стармер нагласи синоќа дека Европа мора да има поголема улога во НАТО и дека неговата земја ќе…

February 16, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Масовен протест за Газа во Сиднеј: Демонстрантите носеа тенџериња и тави како симболи на глад

Денеска во Сиднеј се одржа пропалестински протест, на кој учествуваа десетици илјади луѓе, повикувајќи на мир и доставување помош до…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?