Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германците апелираат: Пратете ги божиќните подароци порано оти има огромен недостиг од возачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германците апелираат: Пратете ги божиќните подароци порано оти има огромен недостиг од возачи
СВЕТ

Германците апелираат: Пратете ги божиќните подароци порано оти има огромен недостиг од возачи

Објавено November 17, 2024 17:49
Сподели
Сподели


Германските шпедитерски здруженија денеска предупредија на можни доцнења во предбожиќната сезона поради недостиг на возачи на камиони.

„Апелираме до граѓаните да испратат пакети со подароци што е можно порано, бидејќи може да дојде до одложување на испораките во декември“, изјави за весникот „Билд“ Дирк Енгелхард, портпарол на Федералната асоцијација на шпедитери и логистика (BGL).

Енгелхард објасни дека се повеќе Германци купуваат преку Интернет и дека во исто време трговците на мало нарачуваат повеќе стоки од вообичаено во декември, што може да доведе до доцнење на испораката. Во исто време, обемот на стоки во 2024 година е зголемен за 14 отсто во однос на минатата година.

Тој предупреди дека може да има недостиг во Германија слични на оние што ја погодија Велика Британија по Брегзит

Енгелхард како главна причина го наведе драстичниот недостиг на возачи на камиони.

„Во моментов ни недостасуваат 100.000 возачи. Над 30.000 возачи се пензионираат секоја година, а помалку од половина од тој број влегуваат на пазарот на трудот“, рече Енгелхард.

„Работодавците прават се за да ги привлечат“
Портпаролот на германските шпедитери изјави дека германските работодавци во меѓувреме прават се за да ги привлечат возачите.

„Во меѓувреме, многу возачи се во позиција да го изберат возилото, опремата на возилото, маршрутите и клиентите. Работодавците прават се за да ги привлечат возачите“, вели Енгелхард.

Тој ги критикуваше и скапите возачки дозволи во Германија, кои со просечни 10.000 евра се многу поскапи отколку во остатокот од Европската унија, каде што слична дозвола чини околу 3.000 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Попов: Во новиот предлог буџет за 2025 година ставките за млади и студентите значително се зголемени
Следна Статија Милевски: Сите наши фудбалери заслужуваат максимална почит од сите нас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, 10 загинати и 32 повредени

Пожар избувна денеска во хотел во популарен турски ски-центар во централната провинцијата Болу, при што загинаа 10 лица, а 32…

January 21, 2025
СВЕТ

Сопствениците на барот во Кран-Монтана се осомничени за убиство од небрежност

Францускиот сопственик на швајцарскиот бар каде што 40 лица загинаа во пожар за време на новогодишните прослави им кажал на…

January 11, 2026
СВЕТ

Хамас ги предаде првите три израелски заложнички на Црвениот крст

Саудискиот портал Ал Арабија објави дека Хамас му предал на Црвениот крст три жени, израелски заложници. Црвениот крст им ги…

January 19, 2025
СВЕТ

EУ не може да се договори ниту за промена на времето

 Предлогот за укинување на сезонската промена на времето и натаму е на листата на задачи во Програмата за работа на…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?