Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Героски: Судија Илија Трпков, да судеше на стадион, знаеш ли како би ти викала публиката?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Героски: Судија Илија Трпков, да судеше на стадион, знаеш ли како би ти викала публиката?
МАКЕДОНИЈА

Героски: Судија Илија Трпков, да судеше на стадион, знаеш ли како би ти викала публиката?

Објавено December 25, 2024 10:00
Сподели
Сподели

Некаде во 2020 година, пред воопшто да почнам да пишувам за судскиот процес „Организатори на 27 април“, поточно за случајот на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, решив прво добро да ги проучам сите достапни списи и информации за предметот, за прво самиот да пресудам дали кај него можеби има грам вина, или човекот го судат и го малтретираат на правда божја, пишува во својата последна колумна уредникот на „Плусинфо“, Бранко Героски.

Тоа му го кажав на Вељаноски на нашата прва средба. За да се запознаам со деталите на предметот, од него побарав да ги прочитам и обвинението и неговата одбрана. Нашиот договор беше мошне едноставен – ако јас се посомневам дека човекот можеби е жртва на нефер прогон, тој ја презема обврската да ми ги даде на увид списите и записниците од текот на сите судски расправи. И тогаш се посомневав, а и сега сум со впечатокот дека веројатно за овој случај имам прочитано повеќе од судечкиот судија Илија Трпков. Станува збор за сите записници за текот на „спорната“ собраниска седница на 27 април 2017 година, сите записници од сведочењата и од вкрстените испитувања на сведоците и уште мал милион други „папири“.

Поинаку и не можеше да постапи еден новинар, кој во годините на владеењето на СДСМ на Зоран Заев и на неговите инсталати во обвинителствата и во судовите, остана безнадежно осамен во отпорот против сфаќањето на правдата како одмазда, против политиката „че си лежите“ како суштина на „реформите“ во ресорот правосудство, против апсанџиството како политичка филозофија и против сеирот и злорадоста како доминантен дух на македонското „граџанство“ инволвирано во политиката на најбрутален можен начин – преку еден организиран линч на политичките неистомисленици, во медиумите и на социјалните мрежи.

Целата колумна тука

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Данска ја зајакнува одбраната на Гренланд по изјавата на Трамп дека сака да го купи: купуваат дронови и бродови, инвестираат големи пари
Следна Статија Експлозија во трговски центар во Русија | ВИДЕО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ние не ветивме туку се зафативме за работа, Љуботен и Љубанци ќе имаат чиста вода за пиење

Три децении на жителите на селата Љуботен и Љубанци им беше ветувано дека ќе се изгради водовод за да добијат…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Израелските лекари за еден ден направиле неверојатни 23 операции врз настраданите од Кочани

Израелските лекари за еден ден направиле 23 операции врз настраданите од Кочани откриваат македонски здравствени работници кои биле дел од…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Светски ден на слободата на медиумите

„Обликување на иднина во мир“ е мотото под кое утре и задутре во Лусака, Замбија, ќе се одржи глобалната конференција…

May 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски разреши шест началници од Штип и Кочани и еден командир

Mинистерот Панче Тошковски по несреќата во Кочани донесе одлуки за повеќе разрешувања. Се разрешуваат: 1. Началник на Сектор за внатрешни…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?