Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓоковиќ за студентските протести во Србија: Важно е нивниот глас да се слушне
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Ѓоковиќ за студентските протести во Србија: Важно е нивниот глас да се слушне
БАЛКАН

Ѓоковиќ за студентските протести во Србија: Важно е нивниот глас да се слушне

Објавено December 19, 2024 10:20
Сподели
Сподели

Нajпознатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа на социјалната мрежа Х објави дека е важно да се слушне гласот на студентите кои протестираат во Србија.

Блокадите на сите факултети во Белград, Ниш и Нови Сад траат со денови, а студентите не се откажуваат од барањето да се казнат виновниците за трагедијата во Нови Сад, каде при пад на настрешница загинаа 15 лица.

Многу познати личности им дадоа поддршка на студентите, а синоќа Ѓоковиќ изјави дека е со нив.

„Како некој кој длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, мислам дека е важно нивниот глас да се слушне. Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзината најголема сила. Она што на сите ни треба е разбирање и почит. Со вас Новак“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Блокадите на факултетите почнаа на 25 ноември во Нови Сад, а на протестите почнаа да се приклучуваат и средношколци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје втор најзагаден град во Европа и деветти во светот
Следна Статија Божикна пештера на плоштад Македонија – Пренеси ја божиќната радост до секое срце!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Зошто на Србија не и е потребен нов Заев?

Иако пред да дојде на власт се колнеше со рака на срце дека нема да го смени уставното име на…

February 21, 2025
БАЛКАН

Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица

Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец…

November 30, 2024
БАЛКАН

„Солун е со тебе Кочани“ – 60-минутен молк за 59-те жртви и за возачот на брзата помош

Денеска во Солун се одржа 60-минутен молк, по една минута чест за сите 59 жртви од дискотеката во Кочани и…

March 22, 2025
БАЛКАН

Највисоката плата во Црна Гора е 140.000 евра: Еве што прави човекот

Највисоката месечна плата годинава што ја земал црногорски државјанин, по оданочување, вредна нешто помалку од 140.000 евра или во бруто…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?