Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голем успех за македонската култура: Гајдата впишана на листата на УНЕСКО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Голем успех за македонската култура: Гајдата впишана на листата на УНЕСКО
ЗАБАВА

Голем успех за македонската култура: Гајдата впишана на листата на УНЕСКО

Објавено December 5, 2024 19:30
Сподели
Сподели

Културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“ од денеска е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.

Мултинационалната номинација, поднесена од РС Македонија и Турција, беше разгледана и усвоена на денешната сесија на 19. СОМ на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство, што се одржува во Асунсион, Република Парагвај.

Ова е важен момент во македонската култура бидејќи дури по 7 години нашата држава впишува уште едно нематеријално културно добро на листите на УНЕСКО, со што вкупниот број на впишани заштитени добра од нашата држава е 6, од кои веќе 2 заеднички со Република Турција.

Номинацијата беше подготвена со меѓусебна координација на македонскиот тим, составен од претставници од Управата за заштита на културното наследство и од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, и експертскиот тим на Министерството за култура и туризам на Република Турција.

Впишувањето на добрата на листите на УНЕСКО претставува обврска за државите, но и можност за промоција на националното богатство во глобални рамки и зачувување за идните генерации.

Сесијата на Комитетот има цел да ги промовира целите на Конвенцијата, да обезбеди насоки за најдобри практики и да даде препораки за мерки за заштита на нематеријалното културно наследство. Со годинашната сесија на Комитетот претседава Н. Е. Ненси Овелар де Горостиага, амбасадор и постојан делегат на Република Парагвај во УНЕСКО, и на неа учествуваат претставници од земјите членки, невладини организации, културни институции и други учесници од целиот свет.

Потсетуваме дека Република Македонија стана дел од светската карта на држави со впишано нематеријално културно наследство на листите на УНЕСКО во 2013 година со впишувањето на „Чет`рсе – празнувања на Светите Четириесет маченици во Штип“, потоа „Копачката“ – машко соборско оро од село Драмче, Пијанец“ (2014 г.), заедничката апликација на Република Македонија и Република Турција „Пролетна прослава Х’дрлез“ и мултинационалната апликација на Република Македонија, Бугарија, Романија и на Молдавија „Културни практики поврзани со 1 Март“ (2017 г.) на Репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријално културно наследство на човештвото, и со впишувањето на „Гласоечко – двогласно машко пеење во Долни Полог“ (2015 г.) на Листата на УНЕСКО на нематеријално културно наследство за ургентна заштита.

На сесијата присуствуваше делегација од нашата држава во состав: г-ѓа Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство, и м-р Ивона Опетческа-Татарчевска, виш соработник за фолклорни добра и национално контакт-лице за Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство.

Македонската делегација на маргините на 19. СОМ на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО оствари повеќе неформални средби, и тоа со делегациите на Норвешка, Словенија и на Камерун, како и со Ненси Овелар де Горостиага, амбасадор и постојан делегат на Република Парагвај во УНЕСКО. Претставничките од Македонија, Честоева и Опетческа-Татарчевска, остварија средба и со генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле, при што фокусот беше ставен на актуелните теми поврзани со Охридскиот Регион.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kосово забранува продажба на енергетски пијалоци за лица под 18 години
Следна Статија Опасноста од „Тик-Ток“ предизвикот „Супермен“: 11 деца хоспитализирани во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(Видео) Чарли Шин: Користев толку дрога што и мексиканскиот картел ми кажа доста

Чарли Шин (60), некогаш најплатениот актер на американската телевизија, се врати во центарот на вниманието по шокантното интервју за австралиската…

September 23, 2025
ЗАБАВА

Мајкл Џордан купи автомобил каков што нема никој друг во светот (Фото)

Одамна е познато дека Мајкл Џордан е голем љубител на автомобили. Неговата колекција вклучува некои од најексклузивните Ferrari на сите…

October 5, 2024
ЗАБАВА

ВИДЕО: Изложена најскапата елка во Европа, вреди над пет милиони евра

Најскапата елка во Европа е изложена во Минхен, а нејзината вредност е повеќе од пет милиони евра. Нејзините производители ја…

December 5, 2024
ЗАБАВА

Билборд објави листа на најдобрите пејачки на 21 век

Популарниот американски музички магазин -Билборд, објави листа на најдобрите пејачки на 21 век, која предизвика многу различни реакции поради неочекуваните…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?