Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Горан Јандреоски нов член на Надзорниот одбор на М-НАВ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Горан Јандреоски нов член на Надзорниот одбор на М-НАВ
ЕКОНОМИЈА

Горан Јандреоски нов член на Надзорниот одбор на М-НАВ

Објавено October 15, 2024 16:48
Сподели
Сподели

Во државното друштво за контрола на летање, М-НАВ, сменети се членови на Надзорниот одбор.

Како акционерско друштво поседувано од државата, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање на услуги во воздухопловната навигација М-НАВ, ја информира инвеститорската јавност преку Берзата дека, со одлука на Владата, а која всушност има важност како одлука на Собрание на акционери на одредено акционерско друштво, отповикани од должноста се Димитар Џеков и Едмонд Калиќи – независен и предложен од синдикалната организација, а за нови членови на Надзорниот одбор се именувани Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ, независен член и предложен од синдикалната организација.

Како што известуваат од ова државно АД, Надзорниот одбор на М-НАВ сега го сочинуваат Кристијан Михајлоски, Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ.

Јандреоски пред М-НАВ, во 2022 година, беше Извршен директор на Аеродромите на Црна Гора. Истата година беше именуван за член на Одборот на директори на Меѓународното здружение на раководители на аеродроми во светот (IAAE).

Пред да стапи на оваа функција, Јандреоски беше директор на Управата за цивилно воздухопловство во Македонија, како и на високи раководни позиции на аеродромот во Скопје. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје, каде и магистрал во областа на елетротехниката и информациските технологии, а во 2013 година завршил и МБА за воздухопловство на Универзитетот Дунав во Кремс – Австрија. Во 2014 година бил назначен да работи на проектот за Загрепскиот меѓународен аеродром, во делот на имплементацијата на аеродромскиот систем за светлосна сигнализација на полетно-слетна патека.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го уништи Скопје
Следна Статија Мицкоски на средба со претставници на Konrad-Adenauer-Stiftung: За многу проекти кои заедно ќе ги сработиме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти

Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска…

July 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: 17 инвестиции во ТИРЗ зоните ќе креираат 5.000 нови работни места

Инвестициите коишто или се почнати или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел…

February 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија

Македонија доби потврда за политиките од кредитната агенција „Стандард и Пурс“, задржувајќи го кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи. Агенцијата…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?