Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градиме нови автопати, создаваме модерни транспортни коридори- Николоски ја презентираше амбициозната агенда за развој на инфраструктурата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Градиме нови автопати, создаваме модерни транспортни коридори- Николоски ја презентираше амбициозната агенда за развој на инфраструктурата
ЕКОНОМИЈА

Градиме нови автопати, создаваме модерни транспортни коридори- Николоски ја презентираше амбициозната агенда за развој на инфраструктурата

Објавено January 31, 2025 19:05
Сподели
Сподели

Започнавме амбициозна агенда за инфраструктурен развој со цел да ја искористиме стратешката позиција како крстосница на Балканот за да донесеме економски бенефит за државата и регионот, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори што денеска се одржа во Скопје.

На Собранието, тој ја презентираше владината програма за развој на инфраструктуртата во делот на патната и железничката мрежа. Истакна дека Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата паневропски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д.

“Само во јануари ставивме во функција 42 км експресни патишта, a очекувам во перидот што следи да ставиме во функција уште најмалку 10 км експресни патишта и 40 км автопат. Исто така очекувам оваа година да отвориме фронт за работа за уште 67 километри автопат. Во месец фебруари да започнеме со изградба и на автопатот Тетово – Гостивар, така да целиот западен дел на коридор 8 да се работи. Во делот на коридор 10 д, ставивме во фунција еден дел од експресниот пат Прилеп – Градско, во следните два месеци очекуваме и вториот дел да го ставиме во функција. Минатата есен започнавме со изградба на автопат Прилеп – Битола, а оваа година очекувам да најдеме решение и за обиколница за Битола” истакна вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека се работи и на проектирање за експресен пат Куманово до Страцин, а во делот на кородор 10 се работи на проектирање на нова патна врска од Гевгелија преку Струмица до границата со Бугарија.

“ Во делот на коридор 10 работиме на изнаоѓање на финансиски средства за изградба на брза пруга по целиот коридор како дел од европскиот коридор 10 кој оди од Атина до Виена и за брзо време ќе споделиме добри информации за овој проект. Тоа би било решение за брза пруга до 200 км за час за патнички и 120 на час за карго сообраќај. Со ова ќе ги отвориме јужните пристаништа кон Централна Европа” – истакна вицепремиерот Николоски.

Во своето обракање тој потенцира дека политиките во авиосообраќајот донеле нови 9 дестинации, а во однос на брзиот транспорт на граничните премини додаде:

“Веќе постигнавме договор со Грција за сериозно зголемување на граничниот премин Богородица до 12 ленти, исто така со Србија имаме интензивна комуникација да содадеме целосна функционалност со “One Stop Shop”, oчекувам до месец април со Косово да имаме “One Stop Shop”, а во однос на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, интенизивно работиме на нивно проширување и модернизацијa”- истакна вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Свекор полово ја вознемирувал снаата додека сопругот бил на пат
Следна Статија Мицкоски: Новиот Институт за извоз е добра можност Стопанските комори од регионот заедно да дискутираат за регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Струјата ќе поскапи, ама малку, до наредната пролет нема нова евтина тарифа за домаќинствата

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, денеска ги соопшти новите цени за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Имаме три варијанти за брза пруга, набрзо ќе ја избереме најдобрата траса

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека…

November 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кон крај на јуни и на почеток на јули ќе почне изградба на ветерниот парк кај Штип кој ќе произведува електрична енергија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува странските директни инвестиции до крајот на годинава да надминат вредност поголема од една милијарда евра, со…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

И мажите и жените да одат во пензија на 67 години, предлага Фискален совет

Во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија на 67-годишна возраст, и за мажите и за…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?