Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскап за исто толку
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскап за исто толку
ЕКОНОМИЈА

Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскап за исто толку

Објавено November 24, 2025 18:35
Сподели
Сподели

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,756 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 34,865 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,335 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,379, а кај екстра лесното масло за 0,51 отсто, додека кај мазутот има намалување за 3,089 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0455 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гувернерот Славески: Финтек-иновациите ја обликуваат иднината на македонскиот финансиски сектор
Следна Статија Германија троши 41% од својот буџет на социјална програма

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Синдикатите утре на протест ќе ја блокираат владата

Зградата на Владата утре напладне ќе биде блокирана од синдикалците како знак на протест против неисполнувањето на барањето за зголемување…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за струја, а градинките и училиштата ни се приоритет, не платите на судиите

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања говорејќи за Планот за раст и Реформската агенда појаснувајќи…

November 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра денеска кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува повеќе од 1.000 евра

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува да го разгледа предлог-буџетот за следната година во делот за раст на платите,…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Сè уште не е познато кога ќе стартува авиолинијата Скопје-Дубаи

Сè уште не е познато кога точно ќе профункционира летот Скопје-Дубаи, иако првично требаше да стартува на 30 март годинава.…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?