Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градоначалникот на Рим и Емануел Макрон се скараа за „Емили во Париз“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Градоначалникот на Рим и Емануел Макрон се скараа за „Емили во Париз“
ЗАБАВА

Градоначалникот на Рим и Емануел Макрон се скараа за „Емили во Париз“

Објавено October 10, 2024 22:46
Сподели
Сподели

Еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон посака главниот лик од серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати од Италија во француската престолнина, градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери изјави дека нејзе и е многу добро во Рим.

„Почитуван Емануел Макрон, не грижете се: Емили се чувствува многу добро во Рим“, рече градоначалникот Роберто Гуалтиери, пренесува денеска Politico.

Гуалтиери додаде дека срцето не може да се контролира и дека на Емили треба да и се дозволи да избира.

Во четвртата сезона од серијата, Американката Емили Купер, која ја игра актерката Лили Колинс, се преселила од Париз во Рим поради работа. Макрон вчера на шега изјави дека ќе се бори главниот лик од хит серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати во француската престолнина по нејзиниот престој во Рим.

„Ќе се бориме силно (за таа да се врати). И ќе бараме од нив да останат во Париз! „Емили во Париз“ во Рим нема смисла“, изјави Макрон за магазинот „Варајети“.

Според него, оваа серија му донела голем успех на Париз и на целата земја, а неговата сопруга Брижит е толку заљубена во серијата што дури и се појавила во една епизода, што го направило Макрон, како што вели, „многу горд“.

Во интервју за римското издание на магазинот Холивуд Репортер, градоначалникот на Рим го предупреди францускиот претседател да не се меша во продукциските планови на Нетфликс. Гуалтиери додаде дека разговарал за коментарите на Макрон и со градоначалничката на Париз, Ан Идалго, и дека и двајцата се насмеале.

„Гледаме дека Емили се сели во Рим, што е потврда дека нашиот град станува се поважен и целосно сме опуштени околу одлуките на продукцијата на Нетфликс. Тие знаат што прават“, изјави Гуалтиери и додаде дека Макрон треба само да се опушти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Потврдени се 11 жртви на страотниот ураган „Милтон“ во САД
Следна Статија Трамп има намера да го укине двојното оданочување за Американците кои живеат во странство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Србија и Црна Гора не се пласираа во финалето на Евровизија

По елиминацијата на Словенија и Хрватска во првото полуфинале на Евровизија што се одржа во вторникот на 13 мај, претставниците…

May 16, 2025
ЗАБАВА

Aли Ахмети највесел сват на свадбата на внукот на Рамуш Харадинај

Али Ахмети викендов беше на свадата на Луан Харадинај кој е внук од брат на „славниот“ Рамуш, еден од лидерите…

May 4, 2026
ЗАБАВА

Покемон ГО Тура: Калос 2026 – Глобален настан

ГО Тура 2026: Глобален настан се одржува од 28 февруари до 1 март 2026 година низ целиот свет! Настанот трае…

November 28, 2025
ЗАБАВА

Илон Маск го нарече Шолц „будала”

Милијардерот Илон Маск го нарече германскиот канцелар Олаф Шолц будала, по распадот на германската владејачка коалиција на социјалдемократите, либералите и…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?