Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните будно следат, нема веќе кој да ги лаже – работиме на дела, не на зборови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Граѓаните будно следат, нема веќе кој да ги лаже – работиме на дела, не на зборови
ПОЛИТИКА

Граѓаните будно следат, нема веќе кој да ги лаже – работиме на дела, не на зборови

Објавено January 25, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Во вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше пратеничката Дафина Стојаноска, која дискутираше за теми поврзани со ефикасноста на Собранието, направи компарација на состојбите во минатото и денес, зборуваше за тоа какви се нејзините визии и размислувања за во иднина, односно за нејзините согледувања, за тоа каква е координацијата меѓу пратениците, притоа ставајќи акцент на однесувањето на пратениците од опозицијата за време на седниците во Собранието.

Пратеничката Стојаноска образложи какво е работењето во Собранието, кои се позитивните промени кои настапиле со новиот мандат, наведе дека сега е јасно дефинирано кога почнува одредена пленарна седница за разлика од претходно, таа исто така посочи дека сега се знае и за кога е закажана секоја наредна седница, односно дека има поголем степен на предвидливост и планирање на времето, и сето тоа оди во нагорна линија со забележителна разлика помеѓу претходните два мандати и сегашниот.

„Огромна е разликата меѓу претходните седници на пратенички прашања и овие, прво во односот на премиерот и на министрите кон пратениците, а да не зборувам за содржината на поставените прашања, ако се сеќавате не така далеку првата седница на пратенички прашања онаа којашто трае според деловник седум часа со еден час пауза, значи шест, мислам дека тука премиерот Христијан Мицкоски сто нула ја изводи таа седница, бидејќи генерално мислам преку деведесет проценти беа поставувани прашањата кон него а не помалку се и сега поставувани, во следните две или три седници за пратенички прашања, значи сосема смирено, сосема со почит, со аргументи ги дава одговорите со еден коректен однос без разлика за кој да се работи пратеник“, вели Стојаноска.

Во поткастот пратеничката наведе дека однесувањето на пратениците од Левица, на седниците за пратенички прашања е бесмислено и дека тие се тотално некоординирани и неподготвени за поставување на прашања, па сето тоа сакаат да го затскријат со барање на паузи. Таа истакна дека Левица како опозиција не прифаќа институционална одговорност, туку само прави обиди да привлече внимание во јавноста со нивното ниско ниво на однесување и култура.

„Колегите од Левица коишто се многу гласни или „силни“ исклучиво на социјалните мрежи, немаше ниту еден пријавен за поставување на пратенички прашања, така да нивната немоќ ја камуфлираат еве со паузи со глумење на некое, не знам, сакаат да инсценираат некаков си вид на хаос во Собрание апсолутно далеку од тоа дека Собранието е хаотично или дека некој некому ускратува некое право како што тоа беше случај во минатиот мандат, безидејни се, очајни се, едните не можат да се помират дека се опозиција, другиве пак во опозиција си имаат други поголеми гајлиња, можеби најкомотно им е овој сега период да го поминат во Собрание, а пак третите оние најактивните на социјални мрежи се тука само за почеток на седница“, рече Стојаноска.

За крај на емисијата, пратеничката додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која работи и реализира проекти за разлика од претходната власт, која нема ништо направено. Таа посочи дека со преземањето на власта се работи со максимална посветеност и ангажираност, со успешна реализација на поставените приоритети и донесување на одлуки и мерки кои се важни за граѓаните, притоа напомнувајќи дека токму граѓаните се сведоци на тоа дека се работи на дела со исполнување на ветеното.

ВМРО-ДПМНЕ од самиот старт кога ја презедовме власта почна со работа, реализираше многу проекти коишто тие ни за седум години не ги реализираа, напротив начекавме руина дури и полошо од она што го очекувавме реално, но полека со многу работа сè ќе се среди а тие ќе останат на нивните лажни обвинувања, на нивните бегања од задна врата, како што кажавте и вие Бети, впрочем јавноста ќе проследи скоро следуваат локални избори, годинава треба да се случат според Законот за избори, така да граѓаните будно следат нема веќе кој да ги лаже, работиме на дела, не на зборови“, истакна Стојаноска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка
Следна Статија Таравари на пациентите им вети лекови на Онкологија до крајот на наредната седмица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Недозволиво е да се користи гневот на граѓаните за да се присвои судството од ВМРО-ДПМНЕ

„Свесни сме дека судството со години наназад предизвикува незадоволство поради спори постапки и сомнеж за големо политичко влијание. Сакам да…

March 15, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ и од трагедијата во Кочани ги дели граѓаните на наши и ваши, на Македонци и Албанци?!

Борбата против криминалот нема боја, раса и припадност, иако, за жал за СДСМ и ДУИ има. Тие и од оваа…

March 17, 2025
ПОЛИТИКА

ВИДЕО Избегната тепачка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Вербална расправија која кулминираше до раб на физичка пресметка се случи дененеска во Собранието помеѓу лидерот и пратеник на Левица,…

November 21, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ за новиот член на Регулаторна: Господ нека ѝ е на помош на Македонија кога Туневски ќе ја води енергетската политика

Двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика се незаконски разрешени. Тие беа разрешени пред неколку месеци спротивно на Законот за…

April 8, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?