Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грците и оваа година ќе добијат „Божиќна кошничка“ и „Кошничка на Дедо Мраз“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грците и оваа година ќе добијат „Божиќна кошничка“ и „Кошничка на Дедо Мраз“
БАЛКАН

Грците и оваа година ќе добијат „Божиќна кошничка“ и „Кошничка на Дедо Мраз“

Објавено December 10, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Традиционалните кошнички за празниците што во изминатите години се воведуваат во грчките маркети и продавници и вклучуваат сезонски производи, нема да изостанат ни за божиќните и новогодишните празници, според она што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го најави на Фејсбук, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис соопшти дека од среда, постоечката „Кошничка за домаќинствата“ се проширува со шест дополнителни категории производи, неопходни за празничната трпеза, па така „Божиќната кошничка“ ќе вклучува мисиркино, јагнешко и козјо месо, чоколади, милиброд и новогодишна погача, додека пак од 18 декември ќе стартува „Кошничката на Дедо Мраз“ со десет категории на играчки за најмладите.

-Божиќ секогаш им носи радост на семејствата, а особено на децата. Но, значи и дополнителни потреби за возрасните. Затоа, државата мора да биде покрај нив. Не само со општи мерки кои ја подобруваат заработката или ги намалуваат даноците. Туку и со насочени иницијативи за трошоците за празниците, напиша Мицотакис на Фејсбук.

Додаде дека поддршката на семејството „беше и останува приоритет за Владата“.

„Кошничката за домаќинствата“ во грчките супермаркети беше воведена во ноември 2022 година и содржи над 50 основни производи, а пракса на грчката Влада е во одредени периоди од годината, како што се Божиќ и Велигден да се дополнува со сезонски продукти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Легендарната актерка се бори со опасна болест од 2012 година: „Не можам повеќе ништо“
Следна Статија ФОТО: Орбан на средба со Трамп и Маск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Бебе старо само 7 дена е пронајдено покрај контејнер во Белград

Во раните утрински часови во Земун, на улицата Дунавска, покрај контејнер, пронајдено е новороденче. Како што дознава српски „Телеграф“, станува…

August 29, 2025
БАЛКАН

Лавров му посака на Додик добро здравје, енергија и оптимизам

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по операцијата испрати со поддршка до претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во…

December 13, 2024
БАЛКАН

Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини (ВИДЕО)

Маж, кој осум часа беше затрупан во канал во близина на Лазаревац, Србија, е успешно извлечен жив, соопшти српското Министерство…

February 20, 2025
БАЛКАН

Албанија почна со уривање на дивоградби, кај Валона срушен трикатен објект (ВИДЕО)

Владата на Албанија продолжува со обемна операција за отстранување на бесправно изградени објекти, како дел од стратегијата за пристапување во…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?