Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грците и оваа година ќе добијат „Божиќна кошничка“ и „Кошничка на Дедо Мраз“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грците и оваа година ќе добијат „Божиќна кошничка“ и „Кошничка на Дедо Мраз“
БАЛКАН

Грците и оваа година ќе добијат „Божиќна кошничка“ и „Кошничка на Дедо Мраз“

Објавено December 10, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Традиционалните кошнички за празниците што во изминатите години се воведуваат во грчките маркети и продавници и вклучуваат сезонски производи, нема да изостанат ни за божиќните и новогодишните празници, според она што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го најави на Фејсбук, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис соопшти дека од среда, постоечката „Кошничка за домаќинствата“ се проширува со шест дополнителни категории производи, неопходни за празничната трпеза, па така „Божиќната кошничка“ ќе вклучува мисиркино, јагнешко и козјо месо, чоколади, милиброд и новогодишна погача, додека пак од 18 декември ќе стартува „Кошничката на Дедо Мраз“ со десет категории на играчки за најмладите.

-Божиќ секогаш им носи радост на семејствата, а особено на децата. Но, значи и дополнителни потреби за возрасните. Затоа, државата мора да биде покрај нив. Не само со општи мерки кои ја подобруваат заработката или ги намалуваат даноците. Туку и со насочени иницијативи за трошоците за празниците, напиша Мицотакис на Фејсбук.

Додаде дека поддршката на семејството „беше и останува приоритет за Владата“.

„Кошничката за домаќинствата“ во грчките супермаркети беше воведена во ноември 2022 година и содржи над 50 основни производи, а пракса на грчката Влада е во одредени периоди од годината, како што се Божиќ и Велигден да се дополнува со сезонски продукти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Легендарната актерка се бори со опасна болест од 2012 година: „Не можам повеќе ништо“
Следна Статија ФОТО: Орбан на средба со Трамп и Маск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ВИДЕО: Голем пожар на грчкиот остров Тасос, луѓе во паника бегаат

На грчкиот остров Тасос, во областа Гликада во близина на Лименас, синоќа околу 23 часот избувна огромен пожар. На ова…

July 10, 2025
БАЛКАН

Колку заработуваат претседателите во регионот: Првиот човек на Албанија со највисока плата, македонската претседателка со најниска

Зоран Милановиќ победи во вториот круг од претседателските избори и ќе биде претседател на Хрватска во следните пет години. Ова…

January 13, 2025
БАЛКАН

Шокантен билборд осамна во Ваљево

Црн двоглав орел на албанското знаме како го дави белиот орел, симбол на српското знаме, осамна на билборд во Ваљево,…

October 20, 2024
БАЛКАН

Софија останува на своите позиции: Уставните измени се услов за напредок кон ЕУ

Бугарија останува цврсто на своите позиции во однос на евроинтегративниот процес на Македонија, откако шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова,…

May 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?