Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Груби доделил тендери од преку 20 илјади евра за ќебапи во Пчела и Далма кетеринг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Груби доделил тендери од преку 20 илјади евра за ќебапи во Пчела и Далма кетеринг
МАКЕДОНИЈА

Груби доделил тендери од преку 20 илјади евра за ќебапи во Пчела и Далма кетеринг

Објавено January 12, 2025 12:20
Сподели
Сподели

Околу 20 илјади евра се потрошени на две кепабчилници, објави актуелниот Иван Стоилковиќ министер, во Министерството за односи меѓу заедниците каде што го наследи бегалецот Артан Груби. Во поткастот каде што гостуваше, Стоилковиќ обзнани и повеќе други сомнителни активности за кои смета дека се злоупотреби.

Има фрапантни сметки од 20-на илјади евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња, откри министерот Стоилковиќ.

Во јавно достапните податоци за набавки во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (во време на формирањето и раководењето на Груби, тоа беше името на министерството) стои дека во 2023-та на тендер за угостителски услуги биле избрани две компании, објави Телма.

Вкупната зделка е 1 180 000 денари што е приближно на спомнатите 20 илјади евра. Поголем дел од таа зделка добила фирмата „Пчела Ш.Е.Љ.“ која раководи со истоимена ќепабчилница и барбекју бар во Старата скопска Чаршија. Од предвидените пари (944 илјади денари) Пчела испорачала шрана во вредност од 532 037 денари. Втората фирма која била избрана на тендерот е „Далма кетеринг“, но таа не реализирала ниту еден денар од предвидените 220 илјади денари.

Тендерот бил заклучен како реализиран и пријавен во Бирото за јавни набавки на 18-ти април оваа година. Тоа е само на 6 дена пред првиот изборен круг. Тендерот бил склучен на 15-ти март 2023-та и требало да заврши најдоцна на 15-ти март оваа година, но всушност е пријавен како реализиран, еден месец подоцна. Во тоа време, на три дена пред избори, на 21.04.2024.  на иста сума (1 180 000 денари) е склучен нов договор меѓу Министерството и Пчела.

„Пчела Ш.Е.Љ.“ која со првиот тендер добила над 530 илјади денари (околу 8 650 евра) според податоците на бизнис мрежа продолжила да храни вработени во министерството предводено од Груби и по изборите и по конечната информација дека ДУИ нема да биде дел од власта.

Па така последните две порции од познатата ќепабчилница во Чаршијата, тимот на Груби ги дегустирал на 14.06.2024-та година, неколку дена пред формирањето на новата влада. Министерството платило на тој датум една сметка од 41 660 денари и втора сметка од 16 852. Вкупно тоа е околу 58 500 денари или околу 900 евра.

Цената на една десетка со кромид се движи меѓу 350 и 400 денари, па пресметано излегува дека последниот ден од користењето на услугите, соработниците на Груби со пари на граѓаните платиле сума во вредност на околу 150 порции телешки кебапчиња.

Стоилковиќ изјави дека во моментот се прави ревизија на трошоците по што извештајот ќе се разгледа на затворена владина седница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Оддаваме почит на нашите загинати припадници, да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело
Следна Статија (Видео) Украинците погодија една од најголемите рафинерии за нафта во Русија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ултиматум од „Маршот за ангелите“: Од 3 октомври нема веќе маршеви, туку блокади и протести

Институциите во Република Македонија имаат рок до 3 октомври. Нема да има повеќе мирни маршеви, туку протести и блокади. Ова…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гол маж се шеташе кај Броз, брзо е уапсен

Kај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ во Центар минувачите и средношколците вчера беа сведоци на несекојдневна сцена – гол маж…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби е олицетворение на криминалот и корупцијата која владееше кога СДСМ и ДУИ беа на власт

„Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е притворен утрово на граничниот премин, тука…

February 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Специјална антитерористичка единица „ТИГАР“ – 44 години чувар на безбедноста и заштита на татковината

Чувари на уставниот поредок на државата, реализација на највисоки борбено-технички задачи. Синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?