Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хајрулахи: Бубевски ми рече дека предметот Делчевски ниви со ЕВН е сензитивен и го набљудуваат големи политички моќници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Хајрулахи: Бубевски ми рече дека предметот Делчевски ниви со ЕВН е сензитивен и го набљудуваат големи политички моќници
МАКЕДОНИЈА

Хајрулахи: Бубевски ми рече дека предметот Делчевски ниви со ЕВН е сензитивен и го набљудуваат големи политички моќници

Објавено January 25, 2025 14:29
Сподели
Сподели

Во случајот „Делчевски ниви“ обвинителот Гаврил Бубевски дојде и ми рече „ова е многу сензитивен предмет и го набљудуваат големи политички моќници“. За мене се тие тотално небитни. Му реков политика надвор, излези на мостот ОКО и терај си политика, во обвинителство нема политика – вели вишиот јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи, кој моментално е суспендиран.

Во разговор за Плусинфо, Хајрулахи нагласува дека од чист граѓанско-правен однос сакале да направат кривично дело, со што ги уништиле луѓето кои се водеа како осомничени во предметот.

Ги уништија луѓето непотребно. И на крај обвинителот којшто постапуваше по предметот донесе наредба за запирање на истрага, дека немало елементи на кривично дело. Тоа е чист граѓанско-правен однос, мојата нива колку ќе ти ја продадам тебе. Дали метар квадратен по 20 евра или по 200 евра. Тоа е моја слободна диспозиција. Ден-денеска средствта не им се вратени на неколку од обвинетите. Лични средства – вели Хајрулахи.

Виш обвинител Мустафа Хајрулахи

Постапката за случајот ЕВН и „Делчевски ниви“, после сѐ, беше сопрена од истото Обвинителство кое го отвори случајот со што се потврдија сомнежите дека станува збор за класично монтиран политички предмет. Истото го посочи и самиот виш обвинител, Хајрулахи – големи политички моќници од претходната власт на СДСМ.

Основното јавно обвинителство Скопје тврдеше дека немало друг избор освен да ја прекине постапката и да ја затвори истрагата. Се покажа дека се работи за „намерно конструиран“ предмет за да им се нанесе штета на дел од осомничените. Од истражната постапка, не произлегоа ниту материјални, ниту вербални докази, кои би го потврдиле основното сомнение, дека делата, кои им се ставаат на товар на осомничените, се кривични дела, за кои, се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не презеле дејствија, кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела.

Со ова се затвори случајот ЕВН и Делчевски ниви и до ден-денеска нема никаква одговорност од надлежните обвинители, Љубомир Јовевски и Гаврил Бубевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал во охридската болница, ја тепала колешката пред пациенти
Следна Статија Хамас ослободи 4 израелски жени – војници во замена за 200 затвореници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мицкоски на Вевчански карневал- Традиција стара неколку века

Премиерот Христиојан Мицкоски присуствува на Вевчанскиот карневал. -Традиција стара неколку века. Вевчанскиот пасош одамна го имам, исто како и задоволството…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пораките на Рубио се јасен сигнал, светот веќе не функционира по старите правила, вели Мицкоски

Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не…

February 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Маглата направи хаос на Скопскиот аеродром: 16 откажани и 11 пренасочени летови

Вкупно 27 летови денеска беа погодени од густата магла која ја окупираше Скопската котлина. Билансот на Меѓународниот Аеродром Скопје до…

December 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за време на престојот во Будимпешта, каде се одржа меѓувладина седница, изјави дека не…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?