Хамас ги предаде првите три израелски заложнички на Црвениот крст

- Advertisement -

Саудискиот портал Ал Арабија објави дека Хамас му предал на Црвениот крст три жени, израелски заложници.

Црвениот крст им ги префрли Роми Гонен, Емили Дамари и Дорон Штајнбречер на израелските одбранбени сили (ИДФ) во областа на коридорот Нецарим, се додава во извештајот, според Тајмс оф Израел.

Израелските власти се уште не ги потврдија деталите.

Израелските медиуми јавуваат дека ИДФ ги замолила мајките на трите заложнички да дојдат на собирното место во базата во близина на границата со Газа, од каде ќе ги придружуваат нивните ќерки додека се однесени во болница.

Договорениот прекин на огнот во Појасот Газа меѓу Израел и Хамас стапи на сила денеска во 10:15 часот, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Се наведува дека за седум дена ќе бидат ослободени уште четири живи заложнички.

Сподели ја оваа статија