Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хамилтон седна во болидот на Ферари (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Хамилтон седна во болидот на Ферари (ВИДЕО)
СПОРТ

Хамилтон седна во болидот на Ферари (ВИДЕО)

Објавено January 22, 2025 11:33
Сподели
Сподели

Луис Хамилтон претпладнево прв пат седна во болидот на Ферари. Поради правилата на Формула 1, го возеше болидот од 2023 година. За тифозите, кои во огромен број пристигнаа во Фиорано, ова беше повеќе од обичен тренинг.

Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон на 1.јануари официјално стана член на Ферари. Пред два дена Британецот пристигна во базата на Ферари, се запозна со персоналот, фабриката на славниот тим, а имаше можност да вози во симулаторот.

Утрово во Фирано се случи вистински спектакла. Навивачите од 5 часот наутро го чекаат моментот кога Луис Хамилтон за прв пат ќе излезе на патеката со црвениот болид.

Патеката беше опколена од илјадници навивачи кои поставија шатори, закачија црвени знамиња и ја окупираа секоја слободна педа долж патеката.

„Ова е сон на секој навивач на Ферари“, рече еден од тифозите кои со семејството пристигнал од Модена носејќи огромно знаме со логото на Ферари.

Како што излегувањето на Хамилтон се приближуваше, атмосферата на патеката се повеќе се вжештуваше.

Навивачите го скандираа неговото име, а секое појавување на црвениот болид од боксот беше проследено со овации.

„Кога конечно го видовме на патеката, тоа беше момент што ќе го паметиме до крајот на на нашите животи“, изјавија за италијанска „Газета дело Спорт“, група навивачи од Велика Британија, кои пристигнаа специјално за настанот.

„Никогаш не сум видел такво лудило“, призна еден од работниците на патеката, додавајќи дека Фиорано одамна не доживеал вакво нешто.

Многумина ја следеа секоја реакција на социјалните мрежи на своите мобилни телефони, каде се споделуваа снимки во живо и фотографии од моментот кога Хамилтон излегува од боксот.

Lewis out on track in a Ferrari 🔥 pic.twitter.com/sIMRLLZBSE

— Lewis Hamilton our champion (@lhourchampion) January 22, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За разврска на македонското прашање не се доволни победите во Македонија, мора да се победува и во Вашингтон, Брисел… (ВИДЕО)
Следна Статија Николоски: Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме две нови дестинации на барање на дијаспората

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Голем подвиг: Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш и го развеа македонското знаме

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев оствари уште еден голем подвиг, откако успешно го преплива каналот Ла Манш. Тој до целта…

August 26, 2025
СПОРТ

Циркус во Шпанија: ВАР системот се расипа, на Барселона ѝ беше досуден непостоечки пенал, теренот срамно лош (ВИДЕО)

Барселона синоќа направи кикс во третото коло од шпанската Ла Лига, во кое играше на гости кај Рајо Ваљекано во…

September 1, 2025
СПОРТ

Јамал е меѓу 10-те најплатени во светот, листата ја предводи Роналдо

18-годишниот фудбалер на Барселона и шпански репрезентативец Ламин Јамал влезе на листата на најплатени фудбалери. Магазинот „Форбс“, објави ранг-листа на…

October 17, 2025
СПОРТ

Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија

Српскиот тренер Душан Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија, потврди Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС). Алимпијевиќ се договори со КСС…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?