Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Харис: Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слободата и идеалите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Харис: Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слободата и идеалите
СВЕТ

Харис: Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слободата и идеалите

Објавено November 7, 2024 09:43
Сподели
Сподели

Потпретседателката на САД и демократска кандидатка на изборите, Камала Харис, не успеа да и’ обезбеди победа на својата партија, а сега првпат се огласи по поразот. Таа уште на почетокот им се заблагодари на сите луѓе кои гласаа за неа. Илјадници луѓе дојдоа да ја слушнат и видат Камала во живо, а громогласен аплауз го придружуваше нејзиното појавување на сцената, додека многумина плачеа во публиката.

„Моето срце е полно денес, полно со благодарност, љубов кон нашата земја. Исходот не е онаков каков што сакавме, за што се боревме, за што гласавме. Но, слушајте ме, светлината секогаш ќе гори, се додека се бориме“, изјави  Харис, која и самата беше на работ на солзите.

Истакна дека е горда на борбата и како таа се водеше, но и дека нема да се откаже од неа.

„Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата што ја водев во кампањата. Борбата за слобода, правда… Тоа е борба од која никогаш нема да се откажам. Никогаш нема да се откажам од фактот дека Американците можат да ги остварат своите аспирации, во Америка каде жените имаат избори, во која училиштата и улиците се заштитени од оружено насилство“, рече таа.

Соопшти дека демократите ќе се придржуваат до принципот на мирен трансфер на власта.

„Ова ја разликува демократијата од монархијата и тиранијата. Не му должиме лојалност на претседателот и партијата, туку на американскиот Устав“, рече таа.

Камала претходно му се јави на Трамп на телефон и му ја честиташе изборната победа. Според нејзиниот висок функционер, таа разговарала за важноста на мирен трансфер на власта и статусот на претседател за сите Американци.

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД откако освои мнозинство електорски гласови во сојузните држави, како и поголем број гласови на сојузно ниво од противкандидатот од Демократската партија, Камала Харис.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија ја совлада Естонија
Следна Статија Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Уапсен маж кој со автомобил прегази пешаци во Лондон

Страшен инцидент се случи во центарот на Лондон на Божиќ кога автомобил удри во пешаци. Четири лица се пренесени во…

December 25, 2024
СВЕТ

Bild: Крадците на накит од Лувр се обидоа да го продадат пленот на Израелците

Крадците кои упаднаа во Лувр во Париз на 19 октомври и украдоа накит се обидоа да ги продадат украдените предмети…

November 1, 2025
СВЕТ

Трамп: Израел треба да ги нападне иpанcките нyклеаpни поcтројки

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп смета дека Израел треба да ги нападне иранските нуклеарни постројки како…

October 5, 2024
СВЕТ

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Националната вселенска агенција на САД (НАСА) ќе изгуби околу 3.900 вработени како резултат на политиката за намалување на бројот на…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?