Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Холандските компании ни дадоа просечна оценка за бизнис климата во земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Холандските компании ни дадоа просечна оценка за бизнис климата во земјава
ЕКОНОМИЈА

Холандските компании ни дадоа просечна оценка за бизнис климата во земјава

Објавено November 26, 2024 22:18
Сподели
Сподели

Амбасадорката Узлем Џанел ги претстави резултатите од анкетата спроведена меѓу холандските компании во 2024 година на настан на кој присуствуваа претставници од владините институции, економските комори, холандскиот бизнис сектор и бизнис асоцијациите.

На скала од 1 до 10, учесниците во анкетата ја оценија бизнис климата во државата со 5.7, што е за 6% подобар резултат споредено со резултатите од последната анкета спроведена во 2022 година.

Како клучни фактори кои би влијаеле во проширување на бизнисот во земјата беа наведени ниските оперативни трошоци, владината поддршка, растечката побарувачка за нивните производи како и леснотијата на водењето бизнис.

Од друга страна, недостатокот од квалификувана работна сила и нивото на образование и обука како и корупцијата и непредвидливото бизнис опкружување беа идентификувани како главни пречки во водењето бизнис. 75% од испитаниците сметаат дека достапноста на дигитални јавни услуги е многу важна за нивното ефикасно работење и намалување на трошоците.

Скоро сите холандски компании кои работат во земјава се активни на полето на корпоративно општествената одговорност, со главен фокус на заштита на животната средина, безбедност при работата и политики за добросостојба на вработените.

Резултатите од анкетата беа претставени на настан со кој се одбележа Денот на холандскиот претприемач. Во нејзиното обраќање, Амбасадорката Џанел ја нагласи важноста на претприемачите како суштинска движечка сила за иновации, напредок и општествени промени: „Денес го славиме претприемачкиот дух кој е многу повеќе од отворање на еден бизнис. Претприемништвото подразбира и издржливост, визија и храброст кои водат кон нови можности и раст“ рече таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево целосно ќе го изградиме до крај на 2026
Следна Статија Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нотари: Дали нѐ заштитуваат или не?

„Нотарите ни го комплицираат животот, тие се тука само за да им ги земат парите на граѓаните, а нивната улога…

November 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде што оствари работна посета и средба со граѓани,…

June 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски и Али Рашед Лута: Да ја продлабочиме нашата соработка

Денес во Владата се одржа работна средба на која присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, претставници од…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Над 3.000 евра за квадратен метар – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра

Најголема постигната цена на стан за квадратен метар во периодот јули – септември е 189.231 денар или речиси 3.000 евра,…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?