Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Христовски: Полиграфско тестирање и отворени врати за надзорни тела во АНБ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Христовски: Полиграфско тестирање и отворени врати за надзорни тела во АНБ
МАКЕДОНИЈА

Христовски: Полиграфско тестирање и отворени врати за надзорни тела во АНБ

Објавено October 21, 2024 00:47
Сподели
Сподели

Бојан Христовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност во вечерашното интервју за емисијата Код, рече дека од првиот ден на неговото доаѓање на чело на Агенцијата ќе се воведе редовно полиграфско тестирање за вработените во Агенцијата. Двајцата претходници на Христовски, според него, не го искористиле ова законско право полиграфски да ги тестираат вработените и тоа ќе биде првата промена што Христовски ја најавува, заедно со отворање на вратата на сите тела за надзор врз работата на АНБ.

Коментирајќи го тоа што до неодамна беше партиски човек на ВМРО-ДПМНЕ, тој вели дека формално се откажал од членство во партијата и дека може да направи разлика меѓу својата идеолошка определба и професионалниот ангажман.

Тој зборуваше дека во 2023 година со одлука на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, бил вратен на работа во МВР.

Во врска со неговиот безбедносен сертификат, тој рече дека има сертификат ,,строго доверливо”, а аплицирал за највисока класификација државна тајна.

-Цела кариера сум поседувал безбедносни сертификати до највисок степен до државна тајна, се до 2019 кога во една политички монтирана безбедносна хајка во која беа вклучени високи функционери во УБК, не ми беше продолжен новиот безбедносен сертификат и следниот период немав поднесено барање за нов сетрификат, бидејќи не бев распореден на такво работно место. По повторно вработување во МВР аплицирав за безбедносен сертификат строго доверливо и го добив. Денеска со доаѓањето во АНБ почнав постапка за добивање највисок степен на класификација, рече Христовски.

Зборувајќи за својата кариера во безбедносниот сектор рече дека работи во УБК од 2006 година поминувајќи ги скалилата на приправник, инспектор, раководител на сектор, посетувал многу обуки од кредибилни западни партнери. Но, како што рече Христовски, кога УБК се трансформирала во АНБ, за него биле правени лажни службени белешки. Запрашан што мисли за аферата со прислушувањето на комуникациите тој рече:

-Лично бев вознемирен, изненаден, разочаран. За тоа народот на изборите кои следеа одлучија за таа афера. Јас тогаш бев началник на сектор неповрзан со одделот кој незаконски следел комуникации. Така, не сум бил во позиција да барам објаснување за следењето на комуникациите од тие над мене, бидејќи структурата е пирамидална, се знае кој на кого му одговара, рече Христовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Трамп облече престилка и пржеше помфрит во Мекдоналдс
Следна Статија Во интервју за „КОД“, новиот директор на АНБ одговори на обвинувањата: Не е прекршен законот при моето именување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во сабота цело Скопје ќе биде без вода поради затворање на главната цевка за да се санира дефект во Карпош

В сабота, 21 декември, ЈП „Водовод и канализација“ ќе го санира дефектот кој се појави на улицата Никола Парапунов во…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митески: На терен од Лисиче до Мичурин, се чисти комуналниот отпад

Вд градоначалникот на Општина Аеродром и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, Дејан Митески објави дека денешниот празничен ден го…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

За многу години: Денеска е Митровден

Православните верници го слават празникот на Светиот великомаченик Димитриј, меѓу народот познат како Митровден. Празникот е посветен на Свети Димитриј…

November 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнуваат пообилни врнежи од дожд и од снег

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот од денес попладне (вторник 23 декември) па до четврток (25 декември) во…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?