Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хрватска ќе игра за светско злато, ја надигра Франција во спектаклот во Загреб!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Хрватска ќе игра за светско злато, ја надигра Франција во спектаклот во Загреб!
СПОРТ

Хрватска ќе игра за светско злато, ја надигра Франција во спектаклот во Загреб!

Објавено January 30, 2025 22:58
Сподели
Сподели

Во фантастична атмосфера вечерва во Арената во Загреб, во првото полуфинале на СП, блескавата Хрватска ја победи Франција со 31:28 и со тоа се пласира во големото финале кое се игра во Осло во недела.

Избраниците на Сигурдсон одиграа фантастично прво полувреме, се чини дека тука го доби ова полуфинале.

И победи заслужено, ако се знае дека Франција не беше на своето ниво.

Инаку ова полуфинале започна со далеку поагресивна игра на Хрватите, кои бодрени од преполната Арена во Загреб, во супер атмосфера. Домашнире ракометари играа како во транс. Во првите минути беше 1:1, но во 5.минута беше 3:1 за Хрватска која номинално, според ИХФ, на ова полифинале беше гостин.

Франција никако не успеваше да се наметне, бадијала бројните замени на тактичките варијанти на селекторот Жил, кој немаше решение. Хрватите го зголемуваа водството па во 13.минута беше 9:5, а во 19.минута беше 14:7. Беше и 17:8 а на пауза се замина со 18:11.

Вистинска ракометна рапсодија на Хрватите во овие први 30 минути во ова полуфинале.

Во второто полувреме, а не можеше поинаку ако се знае дека сепак Франција е екстра селекција со екстра квалитет, а и Хрватите да играат 60 минути како во транс и без грешка, Франција покажа карактер. Тука треба да се каже дека Мине доби директен црвен картон поради груб старт.

Во 35.минута резултатот беше 19:15 за Хрватска, очигледно е дека Франција се врати во игра, поточно почна нешто да игра. Хрватска во првите 6 минути од вториот дел постигна само еден гол, Франција дури четири.

Сепак во продолжение од средбата Хрватска ги запре тие напади на Французите, и во 42.минута имаше +6 голови предност.

Во овој период блескаше Срна, и тоа многу помогна Хрватска да ги има тие плус 5-6 голови разлика.

Сепак Ремили со својот прв гол на мечот во таа 47.минута намали на 25:21. Се насетуваше драма. Франција намали на -3 во 52.минута.

На три минути до крајот беше 29:26 за Хрватска. Во тие моменти сој придонес даде и Карачиќ, екс-вардарецот.

И на крајот резултатот гласеше 31:28. Со ова Хрватска има најмалку сребрен медал.

Утре вечер од 20:30 часот се игра второто полуфинале во кое се среќаваат во Осло селекциите на Данска и Португалија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Потребно е да се видат и цените во аптеките и во продавниците за бела техника
Следна Статија За денеска во Македонија најавен бојкот на маркетите поради високите цени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Нокаут за кој зборува целиот свет

Лерон Марфи го победи Арон Пик со спектакуларен нокаут на УФЦ 319 настанот во Чикаго. Потегот за кој се зборува…

August 17, 2025
СПОРТ

Скандал во ракометниот Куп на Македонија, ракометарки си постигнуваа автоголови (ВИДЕО)

Скандал во ракометниот Куп на Македонија, ракометарки си постигнуваа автоголови, министерот Ристовски најави одземање на лиценците за натпреварување. Натпреварот Скопје…

November 10, 2024
СПОРТ

Јокиќ промашуваше, но Денвер стигна до нова победа (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра еден од своите најлоши натпревари оваа сезона, бидејќи направи голем број грешки и промаши шутеви. Тој речиси…

May 10, 2025
СПОРТ

Трансферот на Арнолд во Реал, сепак, нема да биде бесплатен, Ливерпул бара посебна компензација

Трент Александeр-Арнолд официјално минатата недела објави дека го напушта Ливерпул, клубот каде што ја помина целата своја кариера. Веста означува…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?