Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хрватска прогласи ден на жалост по убиството на седумгодишното дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Хрватска прогласи ден на жалост по убиството на седумгодишното дете
БАЛКАН

Хрватска прогласи ден на жалост по убиството на седумгодишното дете

Објавено December 21, 2024 11:19
Сподели
Сподели

Во Хрватска денеска е Ден на жалост по монструозниот напад врз ученици и вработени во основно училиште во Загреб, во кој загина едно дете, а три други беа повредени, заедно со наставничката (62) која храбро го нападнала 19-годишниот напаѓач и го спречила пострашно кривично дело.

Ден на жалост означува – задолжително истакнување на знамето на Република Хрватска на половина копје на сите објекти во кои се сместени органите на државната управа и единиците на локалната и регионалната самоуправа, како и зградите во кои правните лица имаат нивното седиште или ги извршуваат своите активности или во кои физички лица ја вршат својата самостојна дејност.

На Денот на жалост не може да се одржуваат забавни настани, а правните лица кои вршат телевизиски и радио активности мораат да ги приспособат своите програми на одбележувањето на Денот на жалост.

Поради трагичниот настан синоќа граѓаните се собраа на училишното игралиште во ОУ Пречко, запалија свеќи, оставија и пораки. Граѓаните запалија свеќи и пред блискиот Здравствен дом, а во црква се одржа молитвено бдение за убиеното дете и сите повредени.

За полицијата се уште не се познати мотивите на напаѓачот, ќе биде сослушан откако ќе закрепне, јавија хрватскиоте медиуми. По нападот тој побегнал во блискиот здравствен дом и се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила во тоа.

Познато е дека насилникот одел во основното училиште каде го извршил нападот и дека се лекувал од психички проблеми. Неговата мајка сведочеше дека сите во семејството се плашеле од него и ги молела лекарите да не го пуштаат од болница, но тие не ја послушале.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Санацијата во завршна фаза: За неколку часа стабилизација на водоводната мрежа во Скопје
Следна Статија Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ

Претседателот на Градската изборна комисија на Заечар, Ненад Динуловиќ, ги објави доцна синоќа прелиминарните резултати од локалните избори одржани на…

June 10, 2025
БАЛКАН

Претседателот Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28. членка на Европската унија

Црна Гора ќе биде 28. членка на Европската унија (ЕУ), изјави црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. - Стратешкото партнерство меѓу ЕУ…

January 29, 2025
БАЛКАН

Минималната плата во Косово ќе достигне 500 евра

Привремената влада на Косово го усвои предлогот на Министерството за финансии за зголемување на минималната месечна плата на 500 евра,…

October 31, 2025
БАЛКАН

ВИДЕО: Бугарски пратеници се степаа по одлуката за преминување на евро

Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?