Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка
БАЛКАН

Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка

Објавено January 18, 2025 09:57
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за земјоделство на Хрватска Јосип Дабро синоќа поднесе оставка откако во јавноста протече видео на кое се гледа како тој преку отворен прозорец пука од пиштол ХС-2000 додека се вози во приватен автомобил.

Оставката, како што објави на својот Фејсбук профил, ја поднесува од морални причини.

На снимката што ја објави Јутрањи лист се гледа како Дабро се вози на совозачкото седиште во автомобил облечен лежерно, во шорцеви и маица, и пука од пиштол во близина на населено место. На снимката, Дабро најпрво го репетира пиштолот и вели: „Само за мојот брат Марио“. Потоа испукува 15 истрели од пиштол низ прозорецот. Кон крајот на снимката, Дабро го става пиштолот во кабината кај совозачкото седиште каде седи и вели: „Поздрав брате Марио, добра ноќ“.

По објавувањето на видеото, Дабро ја потврди неговата автентичност, но тврдеше дека не пукал со вистински куршуми туку со маневарска муниција.

Хрватската Влада го оцени „ваквото однесување и употреба на огнено оружје како несоодветно и неодговорно“, иако посочуваат дека снимката била направена пред Дабро да стане министер.

Хрватската полиција и обвинителството започнале истрага и утврдуваат дали Дабро сторил кривично дело – загрозување на животот и имотот со општо опасно дело или средство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јагуриновски: Oдиме со сите сили на победа против Гвинеја
Следна Статија Мицкоски заминува во САД, ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Туристи демолирале хотел во Белград, тепале се пред себе (ВИДЕО)

Инцидент во хотел во Белград за време на новогодишната ноќ. Како што пренесува српски Блиц, група туристи од Виена ја уништиле…

January 2, 2025
БАЛКАН

Се тресе банката на Ѓукановиќ

Црногорската полиција врши претрес на имотот во центарот на Подгорица на бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател Мило. Во…

February 27, 2026
БАЛКАН

(ФОТО) Студент од Србија со ланци на нозе доведен на погребот на неговиот татко, штрајкува со глад по продолжениот притвор

Студентите на Факултетот за технички науки во Нови Сад се огласија откако беа објавени фотографии на кои се гледа како…

September 17, 2025
БАЛКАН

Ранетата учителка од Пречко закрепнува: „Со телото спасила можеби 10 животи“

Незапаметената трагедија во петокот ја шокираше, разбесне и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји. 19-годишен млад ментално…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?