Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ИЈЗ: За еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања, најмногу има варичела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ИЈЗ: За еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања, најмногу има варичела
ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: За еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања, најмногу има варичела

Објавено January 23, 2025 09:32
Сподели
Сподели

Во декември минатата година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), пристигнати се вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 88.4 на 100.000 жители. Вкупниот број пријавени лица во месец декември е за 92.8 проценти зголемен во однос на претходниот месец, ноември. Во однос на месец декември 2023 година, се регистрира зголемување на пријавените лица од акутни заразни заболувања за 4.6 проценти, а во однос на аритметичката средина за десетгодишниот период, се регистрира зголемување од 8.0 отсто.

Како што информираат од Институтот, во декември, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 1.025 пријавени лица.

Од групата на сексуално и крвно преносливи инфекции, без ХИВ/СИДА, регистрирани се 22 заболени лица. Пријавени се седум случаи на сифилис, шест случаи на вирусен хепатит Б, пет на вирусен хепатит Ц и четири на инфекција со хламидија.

Евидентирани се и четири случаи на голема кашлица и два на заразни заушки.

Првиот случај на заразни заушки е на возраст од осум години од Ресен, невакциниран. Вториот случај е дете на возраст од 10 години од Гевгелија, комплетно вакцинирано. Во двата случаи дијагнозата е клинички потврдена.

Во декември, пријавени се два случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 40 до 49 години. Регистриран е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во ноември, 2024 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 20 до 29 години.

Шест случаи на Ковид-19 се евидентирани во последниот месец од 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Фустанот на Иванка Трамп за инаугурација беше инспириран од стилот на холивудските диви од 1950-тите
Следна Статија Саудијците сакаат да инвестираат 600 милијарди долари во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

Истражувачите долго време се сомневаа дека врската меѓу цревата и мозокот има улога во појавата и развојот на Паркинсоновата болест.…

August 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Грипот го достигнува пикот – на Детска клиника и во Козле се прегледуваат и по 200 деца дневно

Грипот го достигнува пикот. Клиниката за детски болести и клиниката за респираторни болести Козле имаат и до 200-те пациенти за…

February 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Аерозагадувањето во Македонија е здравствен, а не еколошки проблем, велат од О2 иницијатива

Аерозагадувањето во Македонија одамна ги надминува рамките на еколошки проблем и претставува директна и долготрајна закана по јавното здравје, укажуваат…

January 11, 2026
ЗДРАВЈЕ

Им пресадуваат заб во окото на слепите пациенти за да им го вратат видот

За прв пат во Канада, хирурзите успешно ја изведоа првата фаза од процедурата која вклучува вградување заби во очите на…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?