Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Илон Маск донираше 75 милиони долари за кампањата на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Илон Маск донираше 75 милиони долари за кампањата на Трамп
СВЕТ

Илон Маск донираше 75 милиони долари за кампањата на Трамп

Објавено October 16, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Во објавата на социјалната мрежа Икс, Маск посочи дека ќе одржи серија разговори низ Пенсилванија. Пенсилванија се смета за клучна држава и за Трамп и за Харис во трката за Белата куќа

Илон Маск ѝ дал околу 75 милиони долари на својата организација која се бори за победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Америка ПАК (Политички акционен комитет) се обидува да ја зголеми излезноста на гласачите кои ќе го поддржат Трамп на изборите во клучните сојузни држави, а во периодот од јули до септември потрошила околу 72 милиони долари, покажуваат податоците доставени до федералната изборна комисија.

Тоа е повеќе од кој било друг ПАК што сака да го мотивира одѕивот на поддржувачите на Трамп. Кампањата на Трамп во голема мера се потпира на надворешни групи за мотивирање на гласачите, што значи дека Супер ПАК основан од Маск – најбогатиот човек на светот – игра извонредно важна улога во изборите меѓу Трамп и Камала Харис.

Во објавата на социјалната мрежа Икс, Маск посочи дека ќе одржи серија разговори низ Пенсилванија. Пенсилванија се смета за клучна држава и за Трамп и за Харис во трката за Белата куќа.

Маск, кој изјави дека гласал за демократските претседателски кандидати во минатото, на овие избори направи остар пресврт надесно. Тој го поддржа Трамп во јули и се појави со него на митинг во Пенсилванија претходно овој месец.

Донациите на Маск за Америка ПАК го туркаат во ексклузивниот клуб на републикански мега-донатори, листа на која се и банкарскиот наследник Тимоти Мелон и Миријам Аделсон, сопственичка на казино и најбогатата личност со израелско државјанство.

Меѓутоа, претходно овој месец беше објавено дека Маск тајно финансирал конзервативна политичка група со години, долго пред јавно да го поддржи Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „За коса ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ја пукнал левата аркада“, Обвинителството поведе постапка против скопјанец
Следна Статија Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 1.644 лица, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на информации…

March 29, 2025

Значењето на воениот пресврт на Кси

Односите меѓу кинеските комунистички лидери и армијата одамна биле напрегнати

January 31, 2026
СВЕТ

Весела математика: Зеленски нуди размена на територии, а загуби 20 посто од Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да и понуди на Русија директна размена на територија за да се стави крај на…

February 12, 2025
СВЕТ

Бура Дара: Силни ветрови од 113 км/ч низ Велика Британија

Британската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за силни ветрови што ја погодија земјата по бурата Дара. Во најголемиот дел од…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?