Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инсталиран е новиот систем за компримиран воздух на комплексот клиники
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Инсталиран е новиот систем за компримиран воздух на комплексот клиники
МАКЕДОНИЈА

Инсталиран е новиот систем за компримиран воздух на комплексот клиники

Објавено January 22, 2025 10:56
Сподели
Сподели

Во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

-Монтирани и инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема (резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема). Исто така, извршена е замена и монтажа на бакарен цевен развод, приклучни места; разводни ормани за компримиран воздух за снабдување на оперативниот блок од 12 сали и 2 сали на Клиниката за пластична хирургија, согласно европската фармакопеја, изработена согласно европската директива 93/42/EEC, информира Министерството за здравство.

Министерство за здравство

Во тек е пробна работа на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“ -Скопје. По завршување на пробната работа, Министерството за здравство ќе одреди термин за целосен прекин на снабдувањето со компримиран воздух на сите клиники во болничкиот комплекс, за поврзување со останатите корисници.

По спроведување на овие активности, системот за компримиран воздух ќе биде ставен во целосна функција.

Министерство за здравство
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби
Следна Статија Трамп најави инвестиции до 500 милијарди долари во инфраструктура за вештачка интелигенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека попладнево во министерството бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Ердоган потпишаа политичка декларација: Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области

Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области на билатерално, регионално и глобално ниво, најавија премиерот…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година

Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?