Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
ХРОНИКА

Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

Објавено November 6, 2024 13:44
Сподели
Сподели

Целосно е изгаснат пожарот што утрово пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга, потрвди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Струга, Фети Мазари. 

Поради збиеноста од градби во старото градско јадро, во центарот на Струга постоела опасност од зафаќање други објекти, но, брзата интервенција на пожарникарите, според него, спречила поголема штета.

– Постоеше опасност да бидат зафатени и другите објекти, но за среќа ние брзо дојдовме и го изгаснавме. Кровот е зафатен од Безистенот, можеше да се прошири, среќа пожарникарите стигнаа на време. Го изгаснавме и ги спасивме околните објекти, изјави Мазари.

Пожарот во Струшката пожарна бил пријавен околу 9 часот и 30 минути од граѓани, а интервенирале 11 пожарникари со три противпожарни возила.

Во Безистенот во Струга има 315 дуќани во кои се сместени угостителски објекти, бутици и други бизниси, чии сопственици се загрижени поради настанатиот пожар.

– Секој обичен граѓанин е загрижен, а не ние кои имаме бизниси тука од кои живееме и зависиме. Малку застрашувачко е ова. Жал ми е за овие горе кои настрадаа имаат повеќе штета, и долу во некои дуќани ќе имаме штета од водата, изјави Белки Азиба, сопственик на дуќан.

За состојбата во Безистенот смета дека треба да се грижат дуќанџиите, додека Општината и државата треба да контролираат и превземат мерки за почитување на правилата и мерките за заштита од пожари.

Увидот треба да покаже од што настанал пожарот и колкава материјална штета е предизвикана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Петрушевски: ДЗР утврдила нерегуларности при исплати од власта на СДС и ДУИ
Следна Статија Бислимовски: Нефер однесувањето на енергетскиот пазар ќе се казнува со дел од приходот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Битола, Н.Ц. (25) од селото Ерековци, прилепско,…

September 20, 2025
ХРОНИКА

Се проширува истрагата за Кочани за нови 23 осомничени: Опфатен актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри

Во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 61 лице, полицијата ги привела поранешните министри за…

April 12, 2025
ХРОНИКА

Одредени 30 дена притвор за насилник од Гостивар, нападнал и силувал жена

Основниот суд Гостивар денеска му одредил мерка притвор на гостиварец, кој со метален предмет ја нападнал и извршил полов напад…

May 30, 2025
ХРОНИКА

Се трага по пукачот од Штип, ја пробил рампата кај Миладиновци во полициската потера

Полицијата трага по лицето кое вчера пукаше и рани едно лице во кафуле во центарот на Штип. Инцидентот бил пријавен…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?