Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израел тврди дека е убиел лидерот на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израел тврди дека е убиел лидерот на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа
СВЕТ

Израел тврди дека е убиел лидерот на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа

Објавено October 17, 2024 22:54
Сподели
Сподели

Јахја Синвар, лидерот на Хамас, кој беше организатор на нападот од 7 октомври минатата година, со што започна разорната војна во Газа, бил убиен денес од израелската војска на 61 година.

Неговото тело беше идентификувано по ДНК тестот во Израел, изјави израелски официјален претставник, а пренесе Вашингтон Пост.

Синвар се сметаше за клучниот планер на бруталниот напад на 7 октомври 2023 година, кога борците на Хамас ја пробија безбедносната ограда што ја оградува Газа, убивајќи околу 1.200 луѓе и зедоа околу 250 заробеници.

Војската на Израел го опиша Синвар како „мртов човек што оди“ и ги пребаруваше тунелите во Газа за да го пронајде во офанзива во која беа убиени десетици илјади луѓе и претвори делови од Газа во пустина. Повеќето од жртвите во израелските напади во Газа се верува дека биле цивили.

Израел понуди награда од 400.000 долари за информации за тоа каде се наоѓа Синвар. Но, повеќе од една година, тој успеваше да ја избегне потрагата дури и кога израелските сили ја зајакнаа контролата врз Газа и ги проширија нападите врз друг непријател, Хезболах во Либан, убивајќи го водачот на групата, Хасан Насрала.

Не е јасно какво влијание ќе има смртта на Синвар врз војната и иднината на Хамас, но израелските власти рекоа дека не можат да ги завршат своите напади додека Синвар не биде убиен или фатен.

Најмалку 28 Палестинци, вклучително и деца, беа убиени во израелскиот напад врз засолниште во северниот дел на Појасот Газа, изјави претставник на Министерството за здравство на Газа, додека Израел рече дека нападот бил насочен кон десетици милитанти на локацијата.

Израелската војска соопшти дека цел на нападот биле милитантите од Хамас и групите Исламски џихад, кои дејствувале од училиштето Абу Хусеин во Џабалија, кое служело како засолниште за раселените луѓе.

Хамас рече дека наводите дека има борци во училиштето се „ништо освен лаги“, додавајќи дека ова е „систематска политика на непријателот за да го оправда својот криминал“.

Израел ги известил американските воени претставници за потенцијалната смрт на лидерот на Хамас, Јахја Синвар и доставил фотографии од неговото мртво тело, изјави официјален претставник на американската одбрана за Ројтерс, кој сакал да остане анонимен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти
Следна Статија Мицкоски: Се додека ја водам Владата ќе ги бранам националните интереси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Уништувач на бункери: Tрамп го нападна Иран со „бомба на сите бомби“

Развојот на ракетата koја се вика бомба на сите бомби“ ја чинеше американската војска над 500 милиони долари. Тежи 14…

June 23, 2025
СВЕТ

Трамп: Мигрантите во Охајо јадат домашни миленици

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се најде во друштво со припадници на латино американската популација во Флорида, но тоа не…

October 17, 2024
СВЕТ

Орбан: Србија и Македонија уште утре да се примат во ЕУ, а не Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика Србија и Македонија „уште утре“ да бидат примени во Европската унија, наспроти иницијативите на Брисел…

March 15, 2025
СВЕТ

Орбан: Унгарија нема да ја признае пресудата против претседателот на РС Милорад Додик

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија нема да ја признае пресудата против претседателот на Република Српска Милорад Додик.…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?