Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Се додека ја водам Владата ќе ги бранам националните интереси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Се додека ја водам Владата ќе ги бранам националните интереси
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Се додека ја водам Владата ќе ги бранам националните интереси

Објавено October 17, 2024 22:54
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија истакна дека додека тој ја води Владата ќе ги брани националните интереси и порача дека е оптимист дека ќе дојдеме до решение добро за нас и граѓаните да бидат сигурни во тоа.

Премиерот Мицкоски истакна дека не само при посетата од Берлин туку е оптимист и од сите посети и средби изминативе недели, 4 месеци откако е избрана оваа Влада.

„Конечно на нас како држава се гледа како партнер, а не нешто со кое треба да се поткусуруваме. Го вративме кредибилитетот и достоинството на меѓународната сцена и на граѓаните и на Македонија како држава. Ние настапуваме со факти и аргументи, ги претставуваме тие, ги браниме интересите и во изјавата во Берлин го кажав, дека можеби потешко како помала држава да ги браниме националните интереси, но се додека јас ја предводам Владата можат граѓаните да бидат сигурни дека националните интереси ќе се бранат и ќе се одбранат“, потенцираше Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека се поголем e бројот на европските и светски дипломати кои со симпатија гледаат на нашите аргументи и позиции поврзани со евентуално можно решение кое ние го предлагаме и додаде дека треба да се почекаат изборите во Бугарија за да и таму да немаат не збунувачки изјави.

„Многу е важна пораката и од официјална Софија и од Брисел, бидејќи ако се сеќавате на оној условно кажано договор кој го потпиша владата на Ковачевски заедно со Османи и тогашната влада на Петков и Генчовска дека го прифати, велеа дека ова сега станува проблем на Македонија со ЕУ. Кога Европски политичари велат дека сакаат да посредуваат во овој процес, тогаш од Софија велат „не, не ни требате ќе го решаваме тоа билатерално“. Сега мултилатерален е проблемот или билатерален. Има збунувачки тонови и изјави од Софија и се надевам дека кога ќе се консолидираат после изборите, ќе имаме појасна слика и ќе имаме пораки кои ќе бидат конечни и да ги гледаме како такви“, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи: „Ние велиме тогаш кога бугарскиот парламент ќе го ратификува пристапниот договор на државата во ЕУ, тогаш уставните измени да важат“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израел тврди дека е убиел лидерот на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа
Следна Статија Димитриевски: Дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Села: Оваа држава треба да биде бинационална, барам ново Уставно уредување

Оваа држава треба да биде бинационална држава со ново уставно уредување, порача за 24 Анализа лидерот на едно од крилата…

May 8, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не побараа експертско мислење пред да ги предложат законските измени за државјанствата

Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се консултирале со правни експерти пред да ги предложат законските измени со кои се предвидува…

April 24, 2026
ПОЛИТИКА

Лукровски најави бесплатни прегледи за остеопороза за жени над 50 години во приватна болница

Сакам да ве поздравам да ви кажам добар ден од нашата најголема приватна здравствена установа Аџибадем Систина чии сме гости…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

Савески почна со скандал, со поддршка за име од „тевтерчето“, обвини СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, денеска пред седиштето на Јавното обвинителство изјави дека мандатот на новиот јавен обвинител Ненад…

March 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?