Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаков е првороденчето во Скопје, неколку секунди по него се роди и девојче во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаков е првороденчето во Скопје, неколку секунди по него се роди и девојче во Чаир
МАКЕДОНИЈА

Јаков е првороденчето во Скопје, неколку секунди по него се роди и девојче во Чаир

Објавено January 1, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари, неговата сопруга Нора, заменик министерот Јовица Андовски, сопругата на премиерот Рози Мицкоски, како и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, го посетија Јаков – првороденото бебе на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје.

Ако денот се познава по утрото можам да кажам дека ќе имаме навистина плодна и бериќетна година, затоа што само една секунда по Новата година ние го породивме Јаков. На свет дојде жив машки плод со родилна тежина од 3190 грама и 50 см. Мајката е Сања Талевска. Јаков по името навестува убава и јака година, која се надевам на сите ќе ни биде плодна и бериќетна Им посакувам на Сања и Јаков да имаат среќни и успешни мигови. Воедно и на сите граѓани на Република македонија, рече директорката на Клиниката Ирена Алексиоска Папестиев честитајќи им ги Новата година и Божините празници.

Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека оваа 2025 година по се изгледа дека ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца – првото момче, на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир.

Чест ни беше што вака заедно и со Министерството за социјална политика и сопругата на премиерот и директорката ги видовме и мајката и детенцето. И двајцата изгледаат убави перфектно задоволни од услугите кои ги добиле од Универзитетската клиника за гинекологија, рече Таравари поскаувајќи среќни празници на сите граѓани.

На новинарско прашање дали има некој неформален натпревар со царски рез да се породи бебе само за да биде прво во Новата година, министерот Тараравари отфрли таква можност.

Воопшто не верувам во тоа, нашите доктори се професионалци. Битно е што повеќе деца да ни се раѓаат, тоа е најважно. Ние имавме група во која што добивавме информации од двете клинии во Скопје. За среќа, во иста минута добивме информација за породено дете и на Гинекологија и во Чаир, така што да се множат вакви вести да имамме штпо повеќе новородени деца во секоја минута, вели Таравари и најави дека по ГАК заминуваат во посета и на девојченцето во Чаир.

Директорката Алексиоска Папестиев изјави дека во новата година веќе се родени пет бебиња, а дежурната екипа имала доста напорно дежурство кое почнува од 13 часот, минатиот ден имале осум породувања.

Лани завршивме со 3873 новородни. Значи секоја година се помал е овој број, но процентуално минатата година е и поголем, оти за жал во целата држава се помалку се раѓаат. Но, се надевам дека овој тренд ќе се промени, и дека веќе наредната година ќе се пофалиме да ја надминеме поовторно четворката, рече директорката и најави реновирање во Клиниката.

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, рече дека традиционално тие го доделуваат златникот на првородентото дете. Златник ќе добие и новороденчето во Клиниката во Чаир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Србија: бебињата близнаци на возраст од еден месец починаа по тешката сообраќајка
Следна Статија Тошковски: Новогодишната ноќ генерално помина мирно, 29 кривични дела, приведени 33 лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКИОТ БОДИБИЛДЕР ТОШЕ ЗАФИРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: „Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“

Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров преку видео-обраќање на својата Фејсбук страница испрати остро предупредување за состојбата во државата, укажувајќи на серијата…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фото: Маж во центарот на Скопје „уловен“ како врши нужда

Во центарот на Скопје, маж кој најверојатно не можел да се воздржи, врши нужда на јавно место.  Сето ова се…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Битола ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство

Владата на 74 седница донесе и две важни одлуки од областа на образованието и тоа: Владата ја разгледа и усвои…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?