Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јана Атанасовска испишува историја како прва Македонка во алпско скијање на Светскиот скијачки куп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Јана Атанасовска испишува историја како прва Македонка во алпско скијање на Светскиот скијачки куп
СПОРТ

Јана Атанасовска испишува историја како прва Македонка во алпско скијање на Светскиот скијачки куп

Објавено November 15, 2024 22:00
Сподели
Сподели

18-годишната Јана ќе ја претставува Македонија на ФИС Светскиот скијачки куп во Леви, Финска

На само 18 години Јана Атанасовска испишува историја како првата Македонка што ќе се натпреварува во алпско скијање на ФИС Светскиот скијачки куп. Јана ќе го претстави знамето на Македонија во дисциплината слалом на утрешната трка со почеток во 11 часот. Овој настап претставува огромен успех и достигнување не само за Јана туку и за македонскиот спорт поставувајќи нови стандарди и инспирација за идните генерации.

Јана Атанасовска, која со својата посветеност, истрајност и талент успеа да го достигне светскиот врв, тренира интензивно и со голема посветеност изминатите години, а нејзиниот успех претставува одличен пример за сите млади спортисти. Во својата кариера Јана се истакна со многубројни успеси на регионални и меѓународни натпревари, а сега таа ќе се натпреварува рамо до рамо со најдобрите светски скијачки, меѓу кои и најдобрата скијачка на сите времиња – Микаела Шифрин. Јана, заедно со своите тренери Александар Атанасовски-Чаве, кој е и нејзин татко, и Игор Загерник, се наоѓа во Леви, Финска, подготвена за своето историско деби на ФИС Светскиот скијачки куп.

ФИС Светскиот скијачки куп во Леви, Финска, е еден од најочекуваните настани во алпското скијање, особено познат по натпреварите во дисциплината слалом. Традиционално, трките се одржуваат во ноември, со учество на светската елита во машка и женска категорија. Леви е првата слаломска трка во сезоната на ФИС Светскиот куп во алпско скијање и означува официјално отворање на натпреварите.

Скијачката федерација на Македонија со гордост ја поддржува Јана и ѝ посакува многу успех во остварувањето на нејзините цели и соништа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Џеј Ло пееше во Ријад и ги воодушеви обожавателите
Следна Статија Ниту еден не ѝ се погоди: Арсовска го разреши и директорот на „Улици и Патишта“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Победата на Барселона кај Мајорка во сенка на судиските одлуки

Фудбалерите на Барселона триумфираа на Мајорка (3:0), во натпревар за кој ќе се зборува поради судиските одлуки на Хозе Луис…

August 17, 2025
СПОРТ

Што e „триметазидин“ на кој падна Швојтек: Го забрзува протокот на крвта

Женската тениска асоцијација (ВТА) соопшти дека ја прифаќа одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) во случајот со…

November 29, 2024
СПОРТ

Вака се тепа на фудбал во Косово

Во рамките на втората лига на Косово се сретнаа фудбалерите на Лирија и Веласкез, а овој натпревар го одбележа огромен…

February 23, 2025
СПОРТ

Противник по мерка за Алкалоид во ЕХФ купот

Ракометарите предводени од тренерот Кирил Лазаров првиот натпревар треба да го играат на гости на 22/23 март, реваншот во Скопје…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?