Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo

Објавено December 2, 2024 16:30
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека праќањето инспекција во училиштето „7 Март“ во тетовско Челопек е законско постапување и очекува и инспекторите да работат по закон. Соопшти дека покрај во ова училиште, каде што на приредба ученици се облечени во воена униформа со амблеми на УЧК и со пушки во рацете, МОН има докази и слики со пријави за вакви настани во две училишта во Тетово и во училишта во Чаир и Струга, и  дека  инспекција ќе има и за тие случаи.

-Просветниот инспекторат е тргнат во училиштето во Челопек. Дополнително, имавме пријави за училиште во Чаир, две училишта во Тетово и училиште во Струга. Во сите тие училишта за кои имаме докази со слики и со пријави дека се случувал таков немил настан, Просветниот инспекторат е на терен и очекуваме кога ќе се вратат да ги дадат првичните информации. За да се изготват записници ќе треба малку подолго време, изјави Јаневска за медиумите при денешната посета нa Штип.

Порача дека политиката најмалку треба да ја има во училиштата „во оваа заедничка држава која им припаѓа на сите нејзини граѓани“. Како што истакна, „ние треба заеднички да ја градиме, треба сите заеднички да чувствуваме и одговорност кон неа, и љубов кон неа, и да имаме идеи за нејзиниот просперитет“.

-Како Влада и јас како министер ќе делувам по закон, затоа е пратен ДПИ. Инспекторите имаат силна одговорност да работат по закон. Како ќе речат дека е по закон, така и ќе постапуваме. Ако тие не постапат по закон, ќе ги повикаме нив на одговорност, но не се сомневам во тоа. Сепак, ги чекаме да дојдат, изјави Јаневска.

Таа одговори на денешната реакција од Демократската унија за интеграција дека се води „антиалбанска политика“ и „двојни стандарди“ во образованието затоа што пред две години во Аеродром деца на приредба биле облечени како комити и „изведувале воени поздрави“.

-Ја разбирам политиката на ДУИ и дека грчевито се обидуваат да ја поткренат својата позиција во општеството, но начинот е крајно погрешен. Како политичка партија имаат право на преземање некакви акции, но никако преку децата и училиштата и никако со понижување на државните симболи и со воведување милитаризам во училиштата, порача министерката.

Посочи дека воспитувачката од градинката од Аеродром, која ја организирала таа приредба, била отпуштена работа и се уште е на суд, но и дека „комитите се дел од историјата на државата Македонија“ и како тема се застапени во наставните програми.

-Комити биле и Македонци, и Албанци, и Турци и други етникуми. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби се бореле во Втората светска војна против заеднички непријател. Ние тие луѓе треба да ги чествуваме, тие луѓе кои се бореле за слобода, за сопствена држава и за просперитетот на сопствената држава, истакна Јаневска.

Како што рече, војската УЧК и нејзините симболи „за оваа држава не значат ништо“ и дека децата во земјава треба „да растат во духот на патриотизмот, чествување на традицијата, почитување на различностите и на градење силни демократски вредности кои никого нема да повредуваат и нема да навредуваат ничии чувства“.

-Оттука, цврсто стојам на ставот дека овој случај, односно сега станаа повеќе, треба да се расчисти. Војската УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништо. Во оваа држава, војната, конфликот, кој како сака нека го нарече, предизвика жртви на сите инволвирани страни. Сите мајки исто плачат, сите мајки исто жалат. Наместо да се потрудиме да го заборавиме тој конфликт, каков и да бил и од која причина да бил, и да ги образоваме децата, ние малите деца, тоа се мали деца од видеото што го гледавте, ги учиме на воинственост, на држење оружје, некакви позиции на стрелање, дополнително на нешто што не е поврзано со нашата историја, истакна Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И мажите и жените да одат во пензија на 67 години, предлага Фискален совет
Следна Статија Фолксваген прв пат во историјата затвара фабрики, почнаа штрајкови, а на илјадници работници преку ноќ им се закануваат откази?!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Воените оркестри на Македонија и Вермонт, САД со заеднички концерт утре во Скопје

Утре, 25.05.2025 година во пресрет на вежбата „Immediate Response 25” воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и Вермонт,…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет

Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Македонија. Советот денеска на 510-тата седница со 13 гласа…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агенцијата за патишта на Бугарија делумно виновна за автобуската несреќа на автопатот Струма во 2021 година, одлучи Окружниот суд во Перник

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гужви на границите, се чека најмалку еден час само на македонска страна

На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, поради зголемена фреквенција има задржувања околу еден час. На останатите премини…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?