Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанкулоска ослободена од вина за „Тврдина“, затворски казни за Грујевски, Бошковски и Јакимовски 
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Јанкулоска ослободена од вина за „Тврдина“, затворски казни за Грујевски, Бошковски и Јакимовски 
ХРОНИКА

Јанкулоска ослободена од вина за „Тврдина“, затворски казни за Грујевски, Бошковски и Јакимовски 

Објавено January 13, 2025 13:12
Сподели
Сподели

Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Никола Бошковски и Валентина Симоновска се виновни за случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушување. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е ослободена од вина. Вака денеска одлучи скопскиот Кривичен суд.

Според пресудата, Горан Грујевски, ексначалникот на Петтата управа, кој е во бегство, доби 14 години и шест месеци казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување службена исправа. На Никола Бошковски, вработен во УБК, кој исто така е во бегство, за истите дела судот му додели казна затвор од 9 години и 10 месеци.

Судијата Илија Трпков на Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, му досуди три години затвор.

Валентина Симоновска доби условна казна од две години затвор. Таа нема да се изврши доколку обвинетата во рок од пет години не направи друго кривично дело.

Според судијата Трпков, Јанкулоска не учествувала во уништувањето на опремата заедно со другите обвинети.

„Обвинетата Јанкулоска се ослободува од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетата го сторила делото за кое се обвинува“, рече судијата Трпков.

Судијата пресуди и Грујевски, Јакимовски и Бошковски да ја надоместат направената штета во износ од 87 422 668 денари во рок од три месеци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Зеленски објави снимка од заробени Севернокорејци, му постави услов на Ким Џонг-ун
Следна Статија МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Завршните зборови на Обвинителството за убиството на Вања и Панче презакажани за 9 јуни

Судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо,…

May 30, 2025
ХРОНИКА

Почина бебе во Шуто Оризари

На 10.01.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош е пријавено дека во дом на подрачјето на…

January 11, 2026
ХРОНИКА

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против…

August 16, 2025
ХРОНИКА

Кривична за скопјанец: Без возачка дозвола возел над 100км/час, каде било дозволено 50км/час

Денеска (22.03.2025) во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул.”Александар Македонски”…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?