Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанкулоска ослободена од вина за „Тврдина“, затворски казни за Грујевски, Бошковски и Јакимовски 
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Јанкулоска ослободена од вина за „Тврдина“, затворски казни за Грујевски, Бошковски и Јакимовски 
ХРОНИКА

Јанкулоска ослободена од вина за „Тврдина“, затворски казни за Грујевски, Бошковски и Јакимовски 

Објавено January 13, 2025 13:12
Сподели
Сподели

Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Никола Бошковски и Валентина Симоновска се виновни за случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушување. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е ослободена од вина. Вака денеска одлучи скопскиот Кривичен суд.

Според пресудата, Горан Грујевски, ексначалникот на Петтата управа, кој е во бегство, доби 14 години и шест месеци казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување службена исправа. На Никола Бошковски, вработен во УБК, кој исто така е во бегство, за истите дела судот му додели казна затвор од 9 години и 10 месеци.

Судијата Илија Трпков на Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, му досуди три години затвор.

Валентина Симоновска доби условна казна од две години затвор. Таа нема да се изврши доколку обвинетата во рок од пет години не направи друго кривично дело.

Според судијата Трпков, Јанкулоска не учествувала во уништувањето на опремата заедно со другите обвинети.

„Обвинетата Јанкулоска се ослободува од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетата го сторила делото за кое се обвинува“, рече судијата Трпков.

Судијата пресуди и Грујевски, Јакимовски и Бошковски да ја надоместат направената штета во износ од 87 422 668 денари во рок од три месеци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Зеленски објави снимка од заробени Севернокорејци, му постави услов на Ким Џонг-ун
Следна Статија МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Реакција за Масев: Човек што треба да гради здрав дух кај младите, им го труе телото и умот

Звучи како да ни се одвива филм пред очи, само што сценариото е реално и последиците се трагични. Кога врвот…

August 9, 2025
ХРОНИКА

Палевски: Не ме плаши доживотната робија, ниту влијае на мене – пресудата е нарачана и веќе донесена

Пресудата е донесена на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Вака првообвинетиот Љупчо Палевски рече образложувајќи го новото…

March 7, 2025
ХРОНИКА

Ангелов: По неколкучасовно гаснење со специјална пена пожарникарите успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново

По повеќечасовна интервенција со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат пожарот кој избувна на депонијата кај Арачиново.…

September 26, 2025
ХРОНИКА

Еден од повредените во инцидентот во Арачиново им подлегнал на повредите

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ примени се двете повредени лица во оружениот инцедент што попладнето се случи во селото Арачиново.…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?