Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија
МАКЕДОНИЈА

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Објавено November 26, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска преку проектот „ЕУ за чист воздух“ доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од Европската унија.  
— Оваа активност која денес ја спроведуваме е проект вреден 10 милиони евра којшто ќе придонесе за намалување на загадениот воздух, бидејќи тоа е еколошки проблем што го чувствуваме веднаш по почетокот на грејната сезона и со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните, изјави амбасадорот на Европската унија во земјава, Михаил Рокас, на примопредавањето на шесте еколошки автобуси во Дирекцијата на ЈСП.

Проектот, како што додаде, ги опфаќа градовите Битола, Куманово, Скопје и Тетово, односно оние кои се соочуваат со зголемено аерозагадување.

— Транспортот е причина за големото количество емисии на јаглерод диоксид којшто го испуштаме во атмосферата. На овој начин овозможуваме граѓаните да можат да го користат јавниот превоз, наместо поединечни возила. Мора да го направиме јавниот транспорт колку може помалку да загадува, нагласи Рокас.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече донацијата од Европската унија е успех на Град Скопје, изразувајќи надеж дека ваквата активност ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат и за набавка на уште 250 еколошки автобуси.

— Ова е навистина голем успех на Град Скопје и доказ дека кога нашата градска администрација не е блокирана е способна да спроведе нешто кое што е бенефит на Град Скопје и целата држава. Се надевам денеска со овој проект ќе ги мотивираме сите чинители и оние советници на Град Скопје кои што треба да гласаат за да има уште 250 вакви еколошки автобуси, рече Арсовска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се крие во Кејптаун: Полицијата ѝ влегла во трага на крипто-измамничката Ружа Игнатова обвинета дека проневерила милијарди долари
Следна Статија Маск се залага борбените авиони да се заменат со дронови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денес се празнува Света Петка: Луѓето веруваат во нејзините чуда, се смета за заштитничка на жените, болните, сиромашните

Света Петка е една од најпочитуваните светици не само меѓу православните христијани, туку и меѓу припадниците на сите други вери.…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

АП: Амбасадорката на САД Агелер ќе биде повлечена?

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повлекува речиси 30 дипломати од кариера од амбасадорски и други високи позиции во американските…

December 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Косова прес“: Груби се наоѓа во Приштина

Извор на новинската агенција „Косова прес“ тврди дека вчера попладнето го видел поранешниот вицепремиер на Македонија и бегалец од правдата,…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска не е во Париз поради дефект на авионот

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз. Од нејзиниот Кабинет информираа…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?