Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се крие во Кејптаун: Полицијата ѝ влегла во трага на крипто-измамничката Ружа Игнатова обвинета дека проневерила милијарди долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Се крие во Кејптаун: Полицијата ѝ влегла во трага на крипто-измамничката Ружа Игнатова обвинета дека проневерила милијарди долари
СВЕТ

Се крие во Кејптаун: Полицијата ѝ влегла во трага на крипто-измамничката Ружа Игнатова обвинета дека проневерила милијарди долари

Објавено November 26, 2024 12:00
Сподели
Сподели

Ружа (Руја) Игнатова, која ја доби титулата „крипто кралица“ и е на листата на најбарани на ФБИ од 2022 година, е во Кејп Таун, пишува Тајмс. Игнатова е родена во Бугарија, има германско државјанство и дипломирала на Оксфорд. Таа е обвинета за измама на инвеститори од повеќе од 4 милијарди долари со продажба на лажна криптовалута наречена OneCoin, основана во Софија во 2014 година.

Откако исчезна во октомври 2017 година, се појавија гласини дека Игнатова била убиена и распарчена од поранешни соработници од бугарското подземје.

Германските инспектори сега велат дека веруваат дека таа можеби се крие во една од најексклузивните населби во Јужна Африка.

„Работиме на претпоставката дека Ружа Игнатова е сè уште жива“, рече Сабине Десел од Државната канцеларија за криминални истраги на Северна Рајна-Вестфалија, во новиот документарен филм за големата измама на „крипто кралицата“.

Инаку, нејзините соучесници, вклучувајќи го и Себастијан Гринвуд, британскиот ко-основач на OneCoin, се осудени или се изјаснија за виновни и добија долги затворски казни. Во меѓувреме, ликот и делото на измамничката Игнатова инспирираа книги, подкасти и филмови.

ФБИ неодамна ја зголеми наградата за нејзиното апсење на 5 милиони долари, објавувајќи дека Игнатова можеби била подложена на естетска операција за да го промени нејзиниот изглед.

Во месеците откако последен пат беше видена како се качува на евтин лет од Бугарија за Атина, нејзиниот брат Константин, кој ја презеде нејзината работа, минуваше подолги периоди во Кејптаун, што доведе до шпекулации дека таму примал инструкции од неговата сестра, пишува Тајмс.

Братот на Ружа дури на Инстаграм сподели фотографии направени во Јужна Африка. Во меѓувреме, тој одлежа три години во американски затвор откако соработуваше со истрагата на ФБИ. Тој им кажа на инспекторите дека неговата сестра побегнала со 500 милиони фунти од инвеститорите – доволно за да плати за лажни идентитети и пластична хирургија. Оттогаш има извештаи дека Игнатова е видена во високобезбедносен кварт надвор од Кејптаун.

Документите откриени во неодамнешниот документарец на БиБиСи велат дека наводниот шеф на подземјето по име Кристофорос Никос Аманатидис, попознат како Таки, и помогнал на Игнатова да избега откако ја искористил финансиската мрежа OneCoin за перење приходи од трговија со дрога.

Иако Аманатидис никогаш не бил осуден за никакво кривично дело, многумина се сомневаат дека е шеф на бугарскиот организиран криминал и трговец со дрога.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната
Следна Статија ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Која област е Јужна Бесарабија за која Костадинов вели дека треба да се присоедини кон Бугарија

Контроверзниот Костадин Костадинов, покрај Македонија побара кон Бугарија да се присоедини и Јужна Бесарабија. Малкумина знаат кој е овој регион. Јужна…

January 10, 2025
СВЕТ

Трамп се обрати пред Конгресот: Златното доба на Америка само што започна

Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат се обрати пред американскиот Конгрес, каде говореше на повеќе теми. Трамп зборуваше зборуваше нешто…

March 5, 2025
СВЕТ

Зеленски тврди: Путин наскоро ќе умре и се ќе биде готово

Клучно е САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација, изјави украинскиот претседател Володимир…

March 27, 2025
СВЕТ

Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија

Маж смртно ја застрела својата партнерка и двете деца во германскиот град Олденбург, во северозападниот дел на земјата, пред да…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?