Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Kај Филипче страста и мотивот биле за подобар живот за луѓето и иднина за државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Kај Филипче страста и мотивот биле за подобар живот за луѓето и иднина за државата
МАКЕДОНИЈА

Kај Филипче страста и мотивот биле за подобар живот за луѓето и иднина за државата

Објавено June 26, 2026 08:18
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека неговата главна мотивација за политичкиот ангажман е создавање подобри услови за живот за граѓаните и унапредување на државата.

Во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на Телма телевизија, Филипче истакна дека неговата страст за политиката произлегува од уверувањето дека преку политичкото дејствување може да се влијае врз општеството и да се обезбедат позитивни промени што ќе ги почувствуваат голем број граѓани.

-Страста е успех односно победа и тогаш ја споделувам со сите мои соборци како во операционата сала така и сега со еден огромен број на луѓе со кои што заедно ја водиме ова политичка битка- рече Филипче.

Тој нагласи дека политиката ја гледа како можност преку која може да се создадат суштински промени што ќе ги почувствуваат голем број граѓани и ќе придонесат за развојот на државата.

-Страста, мотивот, желбата да се работи, оваа работа практично лежи во моето длабоко верување дека политиката дава механизми да се влијае на општеството и да резултатите од таа работа ги почувствуваат многу голем број на луѓе. Ако во мојата работа во неврохирургијата, во медицината, резултатите ги гледаме веднаш, тогаш за ова е потребно повеќе време, меѓутоа навистина може да се влијае на огромен број на луѓе- рече Филипче.

Осврнувајќи се на својата визија за иднината на државата, Филипче посочи дека крајната цел на политичкото дејствување мора да биде подобар квалитет на живот за граѓаните и создавање перспективи што ќе ги задржат младите во земјата.

-Да се постигне тоа што јас сметам дека е главната цел на оваа работа, а тоа е да се подигне квалитетот на живеењето на луѓето, да се унапреди државата. Посебно мојата генерација на луѓе кои што повеќе децении огромен број заминаа од државата, ќе кажам едни од најквалитетните веќе не се тука, ама ние верувавме дека може да не биде. Ние верувавме дека нашата земја да биде дел од развиениот свет, да не се разочаруваме кога се враќаме дома- порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

FacebookTwitterCopy LinkShare
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Турција со победа го заврши настапот на СП
Следна Статија Денеска ќе се знае против кого ќе игра Вардар во ЛШ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти, инспекциите на терен

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. -Имајќи предвид…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мартовската пензија ќе биде линеарно зголемена за 1.000 денари

Во сила останува линеарното зголемување на пензиите откако отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Уставниот суд на денешшната…

March 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Македонија очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поништувањето на изборот на Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена, информираат од Уставен суд

Уставниот суд нема ја коментира пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, но истакнува…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?